Спорт

„Стариот“ Несторовски со нови два гола во хрватската лига (ВИДЕО)

Отпишаниот од Седлоски МВП во триумфот на Славен Белупо од 5:3 кај Горица и трет меѓу стрелците во ХНЛ

Втората младост на Илија Несторовски продолжува во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ), кадешто 36-годишниот македонски напаѓач постигна уште два гола за Славен Белупо во триумфот од 5:3 на гостувањето кај Горица во 13. коло.

Стрелецот на 10 гола за македонската репрезентација, кој не доби повик од селекторот Гоце Седлоски за претстојната завршница од Б-дивизијата на Лигата на нациите против Шкотска во Глазгов и со Словенија во Скопје со објаснување дека ја подмладувал селекцијата, го отвори резултатот во 17. минута, а во 65. минута погоди од пенал за 4:3.

За прикажаното на теренот во Велика Горица прилепчанецот беше прогласен за играч на натпреварот со оценка 9,3.

Со вкупно 9 погодоци во ХНЛ сезонава, Несторовски е трет на листата на стрелците, на која води Хрватот Дион Дрена Белјо од Динамо Загреб со 12, пред Данецот Емил Фредериксен од Истра со 10.

 

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top