Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.
Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.
Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.
Претседателката ќе присуствува и на свечена вечера организирана во чест на шефовите на држави и влади кои учествуваат на форумот, чиј домаќин ќе биде францускиот претседател Емануел Макрон.
Парискиот мировен форум е основан во 2018 година и претставува меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.