Претседателката на Македонија денеска ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени, што се одржува во турскиот град Анталија.
Министрите за животна средина и за енергетика Муамет Хоџа и Сања Божиновска заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе учествуваат на Конференцијата на страните (COP31) на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.
Во Анталија светски лидери, претставници на влади и меѓународни организации ќе дебатираат за актуелните климатски предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.
Фокусот е ставен на забрзување на намалувањето на емисиите на гасови со стаклена градина, климатското финансирање, справувањето со екстремните временски појави и претворањето на претходните климатски обврски во конкретни и мерливи активности.