Коментари

Стоилковски: Неколку искуства на Македонија со СДСМ и финансискиот сектор

Спречено системско и намерно креирање на паника од СДСМ за нагло вадење на пари од Алта банка и доведување до степен и во состојба таа да не може да функционира

Во контекст на дебатата за Алта Банка Наум Стоилковски потсетува на неколку негатини искуства на Македонија со СДСМ и финансискиот сектор.

Стоилковски потсетува дека најголемата девалвација на денарот се случува ВО ИСТ ДЕН кога власта на СДСМ прави оружен полициско-етнички конфликт во Гостивар. Сето минува незабележано.

,,ТАТ, што доведе до катастрофа со човечки животи во Битола и Македонија; “функционер во тренерки” од СДС пред да пропадне вадел полни црни ќеси пари од внатре. Никогаш не расчистено”, пишува Стоилковски.

Тој се сеќава дека СДСМ од позиција на дополнителен министер во Финансии во 2016 година, го влоши кредитниот рејтинг на Македонија, праќајки писма до меѓународни финансиски институции со што се крена каматната стапка на државата а цехот го плаќа Македонија.

Стоилковски потсетува дека министерка за финансии на СДСМ извади пари од Еуростандард банка 5 дена пред на банката да и биде одземена дозволата за работа и да пропадне заради кредити без покритие на лица и фирми од врвот на СДС.

,,Истрагата ќе си покаже”, вели Стоилковски.

,,Системско и намерно креирање на паника од СДС за нагло вадење на пари од Алта банка и доведување до степен и во состојба таа да не може да функционира. Навреме спречено.

Мислам дека ова е доволен потсетник за да добиете слика дали воопшто на СДС би им доделиле и купон за попуст од супермаркет на чување, а не па да им верувате за банкарско и финансиско работење”, заклучува Стоилковски кој за за јахтите, златните визи, полињата со соларни панели, вели дека граѓаните си знаат се.

Најнови вести од: Коментари

За неминовниот влез во ЕУ, за лагите, за талогот и уште нешто

И каква е таа државотворност која се темели на бедно антидржавно дејствување? За какви тоа државнички одлуки зборуваат луѓето чија платформа на дејствување од позиција на власт беше снисходливост кон Софија, кодошење во Брисел и цинично, безмилосно крадење, односно арамилак во Скопје?

To top