Коментари

Искра Мишиќ: Некој што може да убие живо суштество може да ве убие и вас

Во Љубљана нема скитници, а кај нас насилството врз животни е „нормално“

Новинарката Искра Мишиќ (позната и како Искра Џамбазова) ја сподели својата силна реакција по престојот во словенечката престолнина Љубљана, споредувајќи ја грижата за животните во Словенија со состојбата во нашата земја.

„Фотографијата е од мојот преубав престој во Љубљана. Текстот е за нешто друго“, започнува Мишиќ и продолжува:

„Додека престојував во земја, не толку далеку и далечна од нас, сепак своевремено бевме една држава, на улица не видов ниту едно напуштено, залутено, избегано куче или маче. Не затоа што некој физички ги ликвидирал, отрул или дислоцирал, туку затоа што државата има систем, меѓу другото и за нив, и тие се дел од општеството таму. Видов многу вдомени кученца кои гордо и среќно си шетаат со своите сопственици.“

По враќањето, вели дека првата вест што ја сретнала на телефонот било видео на кое се слуша болно и заглушувачко плачење на куче. Мишиќ признава дека не можела да го изгледа видеото и до денес не го погледнала.

„Да бев тука ќе го изгледав, знаете зошто? Затоа што сме се навикнале на се’ и сешто. Затоа што сме ја надминале границата на нормалното“, напишува таа.

Новинарката остро ја критикува општествената реакција на ваквите сцени, особено дел од коментарите под видеото.

„Секоја чест на здраворазумните љубители на животни, а со тоа и на природата и на самите себе. Но, за останатите: Како не разбирате дека ова не е нормално? Дека некој што може да убие живо суштество може да ве убие и вас? Дека на таков нечовек не му е место на улица? Како не ве заболе плачот, вресокот? Како не ви се слоши од сцената, за која јас немав сила? Сериозно запрашајте се дали нешто не е во ред со вас?“

Мишиќ завршува со порака дека текстот е предолг и дека малкумина ќе го прочитаат, но на „здраворазумните“ им порача: „Ве сакам“.

Објавата на Мишиќ доаѓа како реакција на неодамнешниот случај на сурово насилство врз куче, кој предизвика големо внимание и дебата на социјалните мрежи.

На фотографијата Мишиќ е десно

Најнови вести од: Коментари

„Инфошќип“: Масовните напуштања од АА и противења на излегувањето од Вреди и Владата се бидејќи Таравари погрешно раководи со АА!

„По повеќедневната напнатост и едноподруги заминувања од Алијансата за Албанците, конечно и Арбен Таравари, лидерот на оваа политичка партија изреагира преку општествената мрежа фејсбук. Паѓа в очи не само емотивниот тон во неговата објава преку фејсбук, туку и неговата неможност да изнесе подлабока политичка анализа на ситуацијата: наместо да го стори ова, тој одбра симболичен […]

Нетпрес: Излезот на Таравари од владата не влијае врз нејзината стабилност, туку ѝ ги зацврстува позициите, оти излезе можниот дестабилизатор!

„Излегувањето на Арбен Таравари од Владата нема апсолутно никако да се одрази од врз нејзината стабилност на Владата. Дури, уште повеќе, се чини дека би се зацврстила во позициите, откако од неа истапува можниот дестабилизирачки чинител!“ – оценува информативната агенција Нетпрес во својата анализа со наслов „Пребегот на Таравари не допира до стабилноста на Владата“. „Нетпрес“ пишува: […]

Четиринаесет години “Плусинфо”: Честитки колеги

Промовирање на демократијата, човековите права, либералната економија, мултиетничкиот карактер на земјата, евроатлантската ориентација и целосната посветеност на македонските стратешки национални интереси беа и остануваат основи на уредувачката политика на порталот „Плусинфо“ во овие 14 години по 365 дена и во десетици и десетици информации, анализи, коментари, интервјуа…биле задача и цел на екипата предводена од основачот […]

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

Не поминаа десетина дена откако повеќето домашни медиуми наседнаа на првоаприлската шега дека, наводно, француски производители на вино од некојси газда Ѓоко од Мрзенци купувале вино од сортата „Смедеревка“, на што на францускиот пазар го продавале по 100 пати повисока цена. Фантастична маржа од 10.000%! Никој не ја беше проверил веста што ја објави српскиот […]

Премиере, не можеш да направиш омлет без да скршиш неколку јајца!

Ужасната трагедија во Кочани ги запре напорите на владејачката коалиција да спроведе кадровска реформа на клучните позиции во правосудството. Имав целосно разбирање за фактот дека во околности кога целата нација беше во жалост и гневна поради она што се случи во Кочани, промената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на пример, ќе беше разбрана како […]

To top