Коментари

Наум го потсети Венко кога злоупотребил бебе и потоа признал дека лажел

Лидерот на СДСМ доби барање да се прибери на клиника за да не го чекаат пациентите со денови по ходниците

Откако денеска СДСМ коментираше дека пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, реагира Наум Стоилковски кој партијата на Венко Филипче ја нарекува здружение.

,,Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар.

Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира!

Фатен дека на иглата на вакцината има капаче, потоа ПРИЗНА ДЕКА ЛАЖЕЛ! И толку, никаква одговорност, како и секогаш кога Венко е фатен во лага”, порачува Стоилковски според кого денес за среќа во Македонија не владејат луѓе како Венко и тие околу него.

,,Во Гостивар, Венко, денеска никој не лажеше, немаше капачиња на чашите како што имаше на иглата со којашто натера докторка да се снима дека вакцинира бебе коешто патем не било ниту дораснато за вакцинација.

Денеска во Гостивар, Венко, никој не лажеше, во гостивар се покажа дека се надминати хаосот и здравственото лудило зад коешто има твој потпис на поддршка и на владеењето на твоето здружение.

Наместо да шириш панични лаги за Гостивар, но веројатно и за Скопје, прибери се на клиника да не те чекаат пациентите со денови по ходниците, доколку воопшто си имал и останало нешто хумано во тебе”, заклучува Стоилковски.

Најнови вести од: Коментари

За неминовниот влез во ЕУ, за лагите, за талогот и уште нешто

И каква е таа државотворност која се темели на бедно антидржавно дејствување? За какви тоа државнички одлуки зборуваат луѓето чија платформа на дејствување од позиција на власт беше снисходливост кон Софија, кодошење во Брисел и цинично, безмилосно крадење, односно арамилак во Скопје?

„Инфошќип“: Масовните напуштања од АА и противења на излегувањето од Вреди и Владата се бидејќи Таравари погрешно раководи со АА!

„По повеќедневната напнатост и едноподруги заминувања од Алијансата за Албанците, конечно и Арбен Таравари, лидерот на оваа политичка партија изреагира преку општествената мрежа фејсбук. Паѓа в очи не само емотивниот тон во неговата објава преку фејсбук, туку и неговата неможност да изнесе подлабока политичка анализа на ситуацијата: наместо да го стори ова, тој одбра симболичен […]

Нетпрес: Излезот на Таравари од владата не влијае врз нејзината стабилност, туку ѝ ги зацврстува позициите, оти излезе можниот дестабилизатор!

„Излегувањето на Арбен Таравари од Владата нема апсолутно никако да се одрази од врз нејзината стабилност на Владата. Дури, уште повеќе, се чини дека би се зацврстила во позициите, откако од неа истапува можниот дестабилизирачки чинител!“ – оценува информативната агенција Нетпрес во својата анализа со наслов „Пребегот на Таравари не допира до стабилноста на Владата“. „Нетпрес“ пишува: […]

To top