Пишува Драган Милосављевиќ
Македонија неминовно ќе стане членка на ЕУ. Порано или подоцна. За две, десет или 30 години, тоа секако ќе се случи. Едноставно, географски, историски, ментално, цивлизациски и на секој друг начин припаѓаме во тоа друштво и за тоа нема никакви дилеми, дури и кај најрадикалните противници на нашето членство во овој елитен (и по некои нешта не баш некоректен) клуб. Притоа, нема никаков сомнеж дека мнозинството граѓани сакаат да бидат дел од Унијата, а и сите партии со барем пристоен број членови и поддржувачи цврсто се залгаат за таков развој на настаните.
Причините зошто не сме веќе внатре се општо познати. Големите земји се уште не се на чисто што точно сакаат со самата унија и се додека не решат, ние, за жал остануваме во лимбото наречено чекална пред вратата во Брисел. Иронично, мизерните причини за блокада од страна на нашите соседи, иако надвор од секоја цивилизираност и декларирани европски вредности, во основа се добредојдени, затоа што полесно е една Бугарија да ја врши валканата работа отколку да речеме Франциа или Германија. Но така стојат работите. Наше е да работиме на случајот, односно да се развиваме, реформираме и унапредуваме, па кога ЕУ ќе биде подготвена за нас и ние ќе бидеме подготвеи за неа. Без разлика, мора да се потсетиме оти иако за човек временските интервали на одредени процеси изгедаат ужасно долги, понекогаш закономерноста на историските текови оди спротивно на сите наши амбиции и желби.
Токму затоа не ми е јасно упроното, некој би рекол дури и недоветното, инсистирање на опозициската СДСМ и ним блиските медиуми, дека ние самите, поточно актуелната власт го блокира патот на земјата кон ЕУ. Тоа едноставно не е точно. Буагрија е таа што блокира. Затоа што на нас лечат историски комплекси и затоа што, типично балкански, го злоупотребуваат бенифитот од нивната геополитичка позиција блиску до границите на Русија. А некој „од горе“ тивко аминува. Впрочем, да не беше така СДСМ и ДУИ имаа седум години да направат поместување, а сепак и покрај сите срамни отстапки и самопонижувања во тој период не мрднавме ниту чекор напред. Или тоа го заборавивме? (фотографиите од авионот останаа само како потсетник на едно срамно и во крајна линика тажно поведение на тогашните државни првенци)
Важно е да се спомене дека партијата во драматична криза, упорно и безглаво инсистира дека за бугарските уцени сме виновни ние самите, а народот го заплашува со небаре некакква катаклизма, армагедон што ли, доколку не влеземе во ЕУ веднаш. Па не сакаат да не примат таму сега, што не е јасно тука?! Ние сакаме, ама тие не се баш воодушевени и што? Кога ќе дојде моментот, како што веќе рековме, наше е да бидеме подготвени, но во меѓувреме наместо да кукаме и плачеме треба да работиме. И да живееме. Просто е неразбiрливо како тоа партијата СДСМ која (без докази) се нарекува државничка, предвидува пропаст на сопствената држава доколку не влезе итно во некаков клуб. Па колку сака нека е тој клуб убав и префинет. И каква е таа државотворност која се темели на бедно антидржавно дејствување? За какви тоа државнички одлуки зборуваат луѓето чија платформа на дејствување од позиција на власт беше снисходливост кон Софија, кодошење во Брисел и цинично, безмилосно крадење, односно арамилак во Скопје? Така што, веројатно треба да се размисли полека, полека, општетството да престане да им обрнува премногу внимание на нивните нерационални врескања, градски кажано да ги стави на игнор и да се сврти кон поважни нешта. Да бара од власта побрзи и поинтензивни реформи, поквалитетен живот, видлив економски просперитет, брутално пресметување со корумпираните и арамиите. И апсолутна еднаквост пред законот за сите. Без исклучоци за партијаши, татини синови, мамини ќерки и богати неранимајковци.
А што се однесува за актуелната „расправа“ околу „талогот на општеството“, мојот придонес е скромен но можеби и корисен. Проверив по речнициите и еве што пронајдов:
талог
Именка, машки род
Значење на талог:
- Густ слој што останува, што се изделува од течноста и се наталожува на дното или по ѕидовите од садови, јами, речно корито и сл.
- (прен.) Тоа што останува од/по нешто, остатоци, трага.
- (прен.) Луѓе од најнискиот, најлошиот слој на општеството. Талогот на човештвото.
Ако некој се пронашол можеби не згрешил. И толку. Нема што друго да се додаде на оваа тема.