Коментари

Најубавиот подарок кој ни го оставиле нашите предци – Лешоски за гордоста да се биде Македонец

Македонец е задача, одлика, вредности, карактерни црти, а не факт, според раѓање

Поетот и писател Дарко Лешоски дава сосема поинаков опис на чувството да се биде Македонец од доминантните трендови во кои најчесто ова чувтство е поврзано со жалби, поплаки и негативни контексти.

Популарниот Вевчанец смета дека Македонците треба да се горди и среќни за тоа што го имаат без разлика на објективните проблеми со кои се соочуваат.

,,Некако во пресрет и после 35 години и покрај сите слабости, неправди, срања и секакви генетски простотилоци има и секогаш ќе постои во мене еден посебен дел кој си го чувствувам повеќе како благодарност и благослов, повеќе како радост и дар, а не гордост затоа што сум случајно како таков роден, чиста комсичка случајност, а не факт, барем не сѐуште, таа задача додека дишам трае.

Само некоја благодарност понизна и радост што сум Македонец”, пишува поетот.

Тој вели дека чувството му е такво затоа што негивата задача сѐуште трае а благодарноста е уште поголема затоа што е роден во 20 век и живее во 21 век.

,,И таа благодарност е што не морам да ја веднам главата кога ќе се спомене “холокауст” пред било кого и било каде, што не морам да менувам тема кога ќе се спомене “фашизам” или “Прва”, “Втора” светска војна или “како почнаваме…а кај ја завршивме”, што не мора да поголтнувам кога ќе се отвори на тема “кој -чиј е” и “чие до каде е” и што можам со надмена насмевка да речам: “Живејте ваше е! Мојве дале – не ви зеле! Живејте и остајте не да живееме!”

А таа радост знае особено во вакви периоди да ме препосети препотсети, поради она што е посебно актуелно деновиве, а тоа е да не морам да ја веднам главата и да гледам во земја кога “геноцид” ќе се спомене во 21 век”, пишува Лешовски.

Во продолжение целиот став на поетот кој не може и не сака да го скрие пиетот кон големината на својот народ:

И кога ми го кодоши мене мојот народ и лицемерно и префригано и шуто и тупо од сите европски народи (а ги има такви поединци во сите народи!) и ми пљука по земјата ради шака мртви дебили кои немаат врска со мојот народ, а уште поголеми живи дебили сакаат да имаат врска со мртвите дебили што немале ни дури биле живи никаква врска со вистинските одлики на нивниот народ.

И ради нив и такви ко нив и во мене ќе го вперува прстот уште децении целиот муслимански свет. Требало не требало, било тема или не било.

Има посебна радост во тоа и благодарност. И би сакал да живеам помеѓу такви луѓе, а посебно да ме водат луѓе кои се комплетно свесни дека едно е радост и благодарност, друго е гордост која знае да биде многу опасна, гордост која многу често личи на незрел тинејџер кој ја вози на татко му скапата кола пијан и со двеста по булевари каде може да помине и на црвено дете во било кој момент.
И мнозинство на луѓе кои знаат дека Македонец е задача, одлика, вредности, карактерни црти, а не факт, според раѓање.
Дека изминатиов век, а втората половина особено, ни го покажала тоа: дека е задача, а не наследство и гордост кое служи за бахато однесување кое не си го ни заслужил ни на соне, кое ти е подарено на чување, а ти треба да покажеш дека со право ти е подарено тебе.

Едноставна е таа радост, ама и таа обврска.

За оние кои не разбираат таа е комплетно идентична со онаа секојдневна случка кога некој на случајно во било која ситуација ќе ве праша: Чие си дете?
А ти кога ќе кажеш, ќе ти рече: Го знам татко ти… татко ти е добар и чесен човек.

И веројатно тоа е најубавиот подарок кој ни го оставиле нам нашите предци.
Отприлика.

И знам дека особено машките кои се повикуваат на некаква машкост само и само поради некаква шута машкост која има покритие во ѕвер повеќе отколку во човечки разум и човечко срце ќе речат: “Мрачна е иднината на такви мали народи, светот суров е! “
Ама нив им се вели: затоа ти дал Бог памет и раце, да запалиш Светло и да научиш ти и правилно и вистински да живееш. А и да не заборавиш дур чекаш ти да живееш.

И можда ќе речат некои ним сличните: “Тажна е иднината на таквите народи каде повеќето мислат како тебе и ќе не снема низ вековите!”

А ним им се вели: Можда, можеби, ама не мора ни по секоја цена сѐ и сѐшто да се преживее, можеби во Иднината нема за нас место, ама затоа Историјата кој и да ја пишувал или ќе ја пишува, Историјата нам таквите ќе не знае и по лик и по име, без оглед кога ќе снема, а кој ќе остане.
А еден ден кај неа сите на гости ќе одиме!

И нит сме били толку нит слаби нит мирни нит топли нит силни нит глупи нит тврдоглави нит пиреи нит лавови или други зоолошко земјоделски видови – ами нешто многу потешко. Сме биле луѓе.
Вистински луѓе.

И тоа е нашата задача, прво тоа, а после сѐ. Прво тоа, а после сѐ ние да бидеме.
Веројатно и најтешката задача меѓу народите и нациите и во актуелниов период и во оние кои следат. Да останеме луѓе меѓу нациите.

Честит празник! За многу години!

П.С: Коментари од типот: “За сите сме убај за нас не чиниме!” :)) аман, не! Не!

Па чинете бе пичка му матер, прајте муабет, разговарајте, не се делете, не се лажете, не крадете, одете во затвор кога ќе згрешите или ве фатат како крадете, тепате или убивате… кога можеа млади во цутот на младоста и со цел свет пред себе да се враќаат во сигурна смрт и во оган по свои другари или другарки да ги извлечат надвор… каква мизерија треба да си да те фатат жив, вол олкав, а ти по судови ко некој лигуш да се влечеш, да се правиш сосила болен или недоветен или да бегаш…

И чините не дека не чините. Ама веќе 35 години се восхитувате на луѓе кои уништиле други луѓе и како награда за тоа добиле пари со кои понижуваат понатака други луѓе, а оние луѓе кои им помогнале на други луѓе и не барале ништо за возврат глупи ги нарекувате. Ама и тоа не е најстрашно.
Најстрашно е што мислиме дека ќе заврши тоа скоро само што завршило еве, а нема! И тоа го знаеме длабоко во себе сите.
Нема да заврши скоро! Затоа што ние сами треба тоа да го завршиме.

Најнови вести од: Коментари

За неминовниот влез во ЕУ, за лагите, за талогот и уште нешто

И каква е таа државотворност која се темели на бедно антидржавно дејствување? За какви тоа државнички одлуки зборуваат луѓето чија платформа на дејствување од позиција на власт беше снисходливост кон Софија, кодошење во Брисел и цинично, безмилосно крадење, односно арамилак во Скопје?

„Инфошќип“: Масовните напуштања од АА и противења на излегувањето од Вреди и Владата се бидејќи Таравари погрешно раководи со АА!

„По повеќедневната напнатост и едноподруги заминувања од Алијансата за Албанците, конечно и Арбен Таравари, лидерот на оваа политичка партија изреагира преку општествената мрежа фејсбук. Паѓа в очи не само емотивниот тон во неговата објава преку фејсбук, туку и неговата неможност да изнесе подлабока политичка анализа на ситуацијата: наместо да го стори ова, тој одбра симболичен […]

To top