„Знаете дека го испративме Кривичниот законик до Европската Комисија, но во тој Кривичен законик ќе има еден нов член којшто ќе ги предвидува овие ситуации, ќе се воведе како кривично дело за ситуација настаната, поврзана со банкарскиот сектор и ширење на лажни информации, се вели, загрозување на стабилноста на банкарскиот систем во којшто неосновано во јавноста ќе се шират неточни информации со што ќе се загрози стабилноста на банкарскиот систем. За ова кривично дело ќе се воведе казна затвор бидејќи не можете вие да ширите лажни информации, политички да профитирате, да се обидувате политички да профитирате и за тоа да не сносите одговорност, на овие ситуации ќе им ставиме крај“, рече Бојковска.

Пратеничката Бојковска се надоврза и ги обзнани одредбите содржани во членот кој се однесува на ова кривично дело, а кое се однесува на: „загрозувањето на стабилноста на банкарскиот систем и со коешто ќе се предвиди казна затвор, доколку тој што со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе се загрози стабилноста на банкарскиот систем“.

Бојковска смета дека е неодговорно и лицемерно однесувањето на опозициската СДС и нивниот претседател, изминатите денови, со кое однесување ширеа страв, хистерија и паника кај граѓаните во услови кога, како што кажа Бојковска, Народната Банка и Владата се обидуваат да најдат најбрзо решение за преземање на Алта банка од друга банкарска институција, а во насока на заштита на банкарскиот сектор во државата, штедачите и депозитите на граѓаните.

„Кажете ми дали е одговорно во најмала рака од претседател на најголемата опозициска партија засега, да се шири еден таков страв и да се става една таква сенка на правниот субјект на Алта банка АД Битола, во којшто се истакнати сите биланси на состојба, се она што значи актива на банката, капитални резерви и слично.

И морам да ви го покажам ова бидејќи најмногу ми остави впечаток: која е таа банка којашто ќе влезе во Алта банка под истрага и со сомнителни трансфери, значи ова е директен упад од лидерот на опозицијата во којшто директно става сомнеж на правниот субјект во Македонија, во ситуација кога оваа Влада и Народната банка бараат најбрзо решение да ја преземе друга банкарска институција оваа банка, зошто целта ни е да се заштитат граѓаните, тогаш во најмала рака ова е неодговорно и многу лицемерно коешто се случува со ширење на паника и страв. Оставете ја оваа работа да си ја вршат професионалните институции, мислам дека политичките битки треба малку понастрана да бидат“, децидна е Бојковска.