Македонија

Меџити како “три во едно”

Четврт „ангажмаан“ – бранител на УЧК во Косово, Прешево, Македонија…

Аналитичари, предупредуваат дека кампањата е почната пред време и спротивно на законот. Членот 69 -а од Изборниот законик вели дека „изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и во вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите“.

Пример е вчерашниот настан на кој вицепремиерот, министер за животна средина Изет Меџити, во својство на кандидат за градоначалник на Општина Чаир, ја отвори новата градинка „Бамби“ во скопската населба, која ќе има капацитет за 350 деца.

„Далеку пред официјалниот почеток на официјалната предизборна кампања, Меџити, како и неговите колеги од сите партии, наголемо ја тера својата кампања за прв човек на Чаир, кој тој го предводеше и во минатото. Меџити во градинката беше во друштво на актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу.

Иако се најавени групи за деца и на бошњачки и турски јазик, на денешниот настан во Чаир доминираше албанската иконографија, со деца облечени во носии. Се зборуваше само албански, а Меџити за настанот информираше преку „Фејсбук“, исто така во објава само на албански јазик Објави Либертас

И тоа не е се’…

Меџити: Војната на УЧК во Косово, Прешево и Македонија беше праведна

 

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top