Бизнис

40 кошаркарски табли за 40 години НЛБ Банка – Донација за основните училишта по повод Месецот на штедење

Месец на штедење

НЛБ Банка и оваа година, по 14-ти пат, го одбележа Месецот на штедење со низа активности посветени на најмладите, со цел да ја поттикне нивната финансиска едукација и да ја зголеми свеста за важноста од штедењето уште од најрана возраст.

Во рамките на активностите по повод Месецот на штедење, а во чест на значајниот јубилеј – 40 години успешно работење, Банката реализираше донација на 40 нови кошаркарски табли за основни училишта ширум земјава. Иницијатива е дел од активностите со кои НЛБ Банка во текот на годината го одбележува својот 40-годишен јубилеј и континуирано придонесува за подобри услови за спорт и рекреација на најмладите во училишните дворови.

Месецот на штедење за нас е секогаш посебен период во кој се трудиме да ја приближиме важноста од штедењето и финансиската писменост на најмладите. Оваа година, кога одбележуваме 40 години успешно работење, посакавме да оставиме симболичен, но значаен белег во заедницата со донација на 40 кошаркарски табли за 40 основни училишта низ земјата. Веруваме дека тие во училишните дворови не се само спортска опрема, тие се место каде децата учат да соработуваат, да сонуваат и да веруваат во себе. Токму таму се градат првите тимови, првите победи и трајните пријателства.“- изјави Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на Банката.

Во текот на месецот беа одржани и едукативни настани за најмладите штедачи, каде децата преку игра, забава и дружење со омилените маскоти Тиби и Штуки се запознаа со тајните на штедењето, одговорното користење на парите и финансиската култура.

Како општествено одговорна институција која веќе четири децении е синоним за стабилност, доверба и посветеност, НЛБ Банка продолжува да инвестира во подобра иднина преку поддршка на заедницата, поттикнување на здрави финансиски навики и градење генерации кои ќе растат со трајни вредности.

Најнови вести од: Бизнис

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

To top