Бизнис

(Фото): Во Битола се произведува спортска опрема – отворена фабриката „Брејнчајлд“, инвестиција 11 милиони евра

Премиерот, Христијан Мицкоски, го означи почетокот на работата на фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола.

Во Битола стартуваше со работа фабриката Брејнчајлд за производство на опрема за спортови на вода и ветер официјално почна со работа во Битола. Станува збор за германско-холандска инвестиција вредна околу 11 милиони евра, во која досега се вработени околу 230 лица. На отворањето присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека Владата ја поддржала реализацијата на проектот како инвестиција што носи додадена вредност за македонската економија.

  • „Нам како Влада ни претставуваше особена чест и задоволство да можеме да поддржиме една ваква инвестиција каде што веќе околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра и на тој начин да продолжиме да поддржуваме инвестиции коишто ќе бидат додадена вредност во македонската економија“, рече Мицкоски.

Тој му честиташе на сопственикот за одлуката да инвестира во Битола и ја поздрави поддршката од локалната самоуправа и институциите во процесот на реализација на проектот. Премиерот најави и нови можни инвестиции во градот.

  • „Можам да кажам дека работиме уште на најмалку две заинтересирани инвестиции коишто би се изградиле во периодот којшто следи овде во Битола, но ајде прво да ги завршиме и да ги објавиме кога ќе се потпишуваат договорите за поддршка во рамките на Владата“, изјави Мицкоски.

Според него, отворањето на фабриката е пример за успешна приватна иницијатива која започнала на почетокот од мандатот на актуелната Влада и резултирала со нови работни места и производствен капацитет насочен кон меѓународните пазари.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top