Бизнис

Граѓаните со купување акции можат да учествуваат во изградбата на „ХЕЦ Чебрен“

Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и во железо, односно во станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен, предложи Ацо Ристов.

Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и во железо, односно во станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен, предложи Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија организирана од Фајнанс тинк,.

  • Енергетиката не е привилегија само на државата, туку можност за сите. При реализација на стратешките објекти, освен класичното кредитирање, треба да се разгледа и можноста за воспоставување модел на акционерско друштво, каде граѓаните ќе може да бидат дел и наместо да купуваат недвижности, да може да ги инвестираат парите во акции преку кои ќе се финансира изградбата – рече Ристов.

Осврнувајќи се на енергетскиот развој, тој  дополни дека енергетската транзиција е реалност. Најавата за реализација на когенеративната централа во Битола од страна на ЕСМ ја оцени како јасна определба на државата за ослободување од фосилните горива. Ристов најави дека следна регулаторна точка е е-мобилност.

  • Кога зборуваме за енергетската транзиција тука е и електрификација, односно е-мобилноста во транспортот. Сите западни држави, но и сите развиени држави се над 50 проценти веќе со развиена е-мобилност, а ние сме само со 1 процент. Тоа е поле на кое мора да се работи, тоа е иднината. Ние како регулатор почнуваме да подготвуваме регулатива и да дадеме основа и динамика за развој на овој дел – рече претседателот на РКЕ.

Во однос на јаглеродната такса, Ристов посочи дека цената на електричната енергија не е конкурентна на европскиот пазар и е регионално ограничена. Но, потенцира, задачата треба да се заврши и да има одвојување на производителите од обновливи извори и на оние од фосилни горива.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top