Бизнис

Не иде Дунав ама идат Црн Дрим, Радика и другите македонски реки и соларни постројки

На Македонија и фалат само 3,5 % за да биде целосно енергетски независна

Во ситуација кога 96,5% од потрошувачката на струја се покрива со домашно производство, Македонија не е погодена од кризата на производството на електрична енергија во регионот, што ја предизвика нискиот водостој на најголемата река во Европа. Хидролошката ситуација кај нас е одличана и гарантира стабилно снабдување со струја во наредниот период, пишува Плусинфо.

Кризата на производство на електрична енергија што ја предизвика нискиот водостој на Дунав нема да ја засегне Македонија, велат за Плусинфо енергетски експерти. Македонија добро менаџира со своите ресурси, хидролошката ситуација е релативно поволна, а соларните и ветерните централи значително ја подобруваат енергетската слика.

Според последните достапни податоци на Државниот завод за статистика, во мај дури 96,5 % од домашното производство на електрична енергија биле обезбедени од домашно производство. Вкупната бруто-произведена електрична енергија во месец мај достигнала 462.653 мегаватчсови: од термоцентралите 146.647, од комбинирани централи и индустриски енергани 144, од хидроцентрали 138.015, од соларни електрични централи 43.419, од ветерни електрични електрани 31.435 и од биогасни централи 2.993 мегаватчасови.

ЕСМ, пак, пред десетина дена објави дека производството на хидроцентралите е зголемено за 76% во однос на истиот период лани, додека производството на ветерните електрани бележи пораст од 10%. Истовремено, исполнетоста на акумулациите во моментов достигнува 70%.

„Во моментов, хидропотенцијалот на ЕСМ е на стабилно ниво, со вкупна исполнетост на акумулациите од 70%. Тоа ни овозможува целосно да одговориме на актуелните потреби на универзалниот снабдувач во рамките на планираното производство. Дополнително, нашите хидроелектрани имаат и значајна улога во одржувањето на стабилноста на целиот електроенергетски систем, со тоа што на дневно ниво редовно испорачуваат неопходни системски услуги за потребите на АД МЕПСО“, велат од ЕСМ.

– Македонија е блиску до остварување на целта да биде целосно енергетски независна, односно да обезбеди задоволување на конзумот од домашно производство, со постојано зголемување на уделот на т.н. чиста енергија. Кога не би било така, ние во криза како оваа што ја предизвика нискиот водостој на Дунав, би се нашле во тешка ситуација. Тешко им е на Унгарците, каде што нуклеарката е пред гасење. Исто е и во Романија. Проблеми има и Србија. Бугарската нуклеарка „Козлодуј“ засега не планира да запре, но и Бугарите стравуваат од нискиот водостој на најголемата река во Европа. Кога сега ние би морале да купуваме струја, прашање е на чија врата би тропнале. Значаен е и податокот дека домашната потрошувачка во мај годинава пораснала само за 4,8% во споредба со истиот период лани. Тоа значи дека притисокот за снабдување со струја не е страшен, иако сега, летниве месеци, е зголемен – вели за Плусинфо експертот за енергетика.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top