Бизнис

Азески: Новите „Шенген“ правила ни создаваат сериозни проблеми, од понеделник реакции во сите погодени земји

Македонските превозници в понеделник ќе блокираат девет гранични премини. Ќе им се придружат со седумдневен протест на колегите од регионот. Новите правила за влез и излез во земјите од „Шенген-зоната“ и носат сериозна штета на домашната економија и ја намалуваат нивната работа. Бизнисот и власта чаре ќе бараат во Брисел.

Новите правила за влез во „Шенген-зоната“ не решаваат ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Тие ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се пришират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Тој Азески истакна дека очекува повлекување на новите правила, но не наскоро. Како што информира, особено е жесток и критичен тонот на странските инвеститори во Македонија кои и денеска се во претставништвото на ЕУ во Македонија да реагираат.

  • Мислам дека работата ќе добие многу лош тек зашто се преговара поединечно со секоја земја и тоа е став на ЕУ, не заеднички. Ние се обидовме преку нашите релевантни заеднички претставнички тела на Балканот да го актуелизираме ова прашање уште пред шест месеци, но тешко наоѓавме соговорници за тоа. Единствено – „нема промена на одлуката, ние ќе преговараме со секој поединечно“. Но, тоа „секој поединечно“ значи да немаш преглед на ситуацијата. Ние упативме писмо до претседателката на Европската комисија, а информиран сум од Владата дека и премиерот лично ќе оди во Брисел и ќе разговара за ова прашање зашто мислиме дека е исклучително важно и не решава ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а создава сериозни проблеми за нас. Очекуваме од понеделник реакциите да се пришират во сите земји погодени од ова. Не очекувам брзо решение, но очекувам повлекување на одлуката – потенцира Азески.

Азески истакна дека странските инвеститори веќе реагираат до претставништвото на ЕУ, а за прашањето е испратено писмо до Европската комисија и најавена е посета на премиерот во Брисел. Иако ЕУ преговара поединечно со секоја земја, што ја отежнува транспарентноста, Комората очекува дека одлуката на крајот ќе биде повлечена.

Македонските превозници в понеделник ќе ги блокираат 9-те гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Ќе ги придружуваат и колегите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, со што ќе ги паркираат камионите на границите, најавувајќи целосна блокада на товарниот сообраќај кон Европската Унија.

Најнови вести од: Бизнис

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

Mundus Vini е едно од најрелевантните вински натпреварувања во светот, каде вината се оценуваат од интернационално жири составено од врвни енолози, сомелиери, вински новинари и трговци. Освојувањето медал на овој натпревар претставува значајна потврда за квалитет и препорака за глобалниот пазар

Ќе добиеме ли конечно пруга од Скопје до Софија?!

Македонија и Бугарија ја потврдија посветеноста за изградба на железничка врска од Скопје до Софија, преку Коридорот 8 до 2030 година. Оваа сериозна инвестиција е важна како за двете држави, така и за сите земји кои ќе циркулираат преку оваа железничка делница.

Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз

Гувернерот Славески ја истакна важноста од постојаната и отворена соработка на Народната банка со домашните и странските компании коишто работат во земјава, имајќи ги предвид перспективите во економијата, придонесот кон поголем извоз и подобрениот трговски биланс на државата.

To top