Бизнис

Бизнис-секторот во Владата има партнер кој дава голема поддршка за развој на домашните компании

Ристевски од Битола

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претставници на бизнис-секторот во Битола и пелагонискиот регион.

На средбата присутните дискутираа за економските прилики во државата, а заменик-министерот Ристески презентираше дел од мерките кои Владата и  министерството за економија и труд ги нудат за поддршка за домашното стопанство.

Како никогаш досега бизнис-секторот во Владата има партнер отворен за соработка и поддршка за растот и развојот на домашните компании. Започната е распределбата на средствата обезбедени од Унгарскиот кредит по поволни услови за компаниите во висина од 250 милиони евра, а голем број од домашните компании се главни носители и на инвестицискиот бум во општините преку реализација на капиталните проекти поддржани со дополнителни 250 милиони евра. Паралелно со поддршката за компаниите, имаме големи инвестиции во инфраструктурата преку изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и изградбата на автопатот Прилеп-Битола, со што имаме сообраќајно поврзување на регионот и можност за поголем економски развој на регионот  – кажа Ристески.

На средбата Ристески потенцираше дека граѓаните и компаниите од Битола покажале голем интерес за мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година, каде за мерката за самовработување се пристигнати 216 апликации, додека за мерката за поддршка за раст на компаниите пристигнати се 50 апликации за вкупно 57 вработувања.

Тој додаде дека овие средби со бизнис секторот се одлична можност да се слушнат нивните мислења за програмите и мерките на Владата и министерствата, да се дискутира за тоа дали треба истите да продолжат да се спроведуваат или треба да претрпат одредени измени, како и дали можеби треба да се имплементираат целосно нови.

Градоначалникот Коњановски изјави дека во Битола има сериозни инвестиции во локалната инфраструктура, а општината има добиено повеќе од 15 милиони евра во двата јавни повици за средства за капитални проекти од Унгарскиот кредит.

Мирко Велковски од регионалната Стопанска комора изјави дека пелагонискиот регион изминатиот период има голема поддршка и компаниите остваруваат зголемен раст кој на годишно ниво е помегу 4 до 5 проценти. Тој додаде дека постои голем интерес кај стопанствениците за инвестиции за развој, пред се во областа на зелени инвестиции и транзиција, како и туризмот .

Најнови вести од: Бизнис

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

To top