Бизнис

Блокада: Една од најголемите компании за јавни набавки во Македонија не може да учествува во тендери

Прилепското обвинителство спроведува истрага за вкупно 32 лица, од кои 7 правни лица, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреби при јавни набавки, злоупотреба на службената положба и фалсификување и уништување деловни книги, а со делата наводно е оштетен буџетот на болницата за околу 700.000 евра.

Една од најголемите градежни компании во земјата и наедно фирма со висок број на добиени големи тендери од државата во изминатите години, Стентон Градба од Битола, е едно од правните лица кои од Основниот суд Прилеп добија забрана за учество во јавните набавки, по истрагата на Управата за финансиска полиција и Обвинителството за работењето на прилепската болница, пренесе Фактор.

Во врска со истрагата за злоупотреби во прилепската болница,,Основниот суд Прилеп пред неколку дена потврди дека против седум фирми од повеќе градови е одредена забрана при постапки за јавни набавки.

Стентон Градба во мај веќе беше јавно прозвана од актуелната власт дека е компанија наменски формирана за добивање тендери. Гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во период од 2019 до 2023 година, Стентон Градба добиле државни тендери од 66,5 милиони евра, што е за нецели 5 милиони евра помалку од вкупните приходи на друштвото за овој период, како и тоа дека поголемиот дел од остатокот се наплатени како подизведувачи на други фирми, исто така на тендери.

Сепак Стентон и во изминатиот период добивал големи тендери како за изградба на детска градинка во Битола, обезбедување градежен материјал за браната „Отиња“, ги реновираше операционите сали на клиниката „Мајка Тереза“, а доби и неколку поголеми тендери од општина Штип.

Решението од прилепскиот суд е од 22 октомври, а се однесува на сите видови на постапки на јавни набавки, со тоа што не е правосилно. „Стентон Градба“ е втора голема битолска компанија која доби ваков „третман“ од власта. Претходно „Марковски Компани“, позната по големите договори за ископ на јаглен за РЕК Битола, доби негативна референца да учествува во јавните набавки, а потоа сопственикот Борче Марковски беше уапсен и притворен за злоупотреби со тендер. „Стентон Градба“ има сопствеништво и во неколку градежни конзорциуми заедно со други компании.

Од „Стентон“ ни одговорија дека се вовлечени во ова како подизведувач во тендер со многу мала сума од својот дел од работата од само неколку десетина илјади денари и дека жабата е в тек

  • Предметната постапка, за која не прашавте, се однесува на јавна набавка од исклучително мала вредност, при што економската корист (добивка) за нашата компанија од конкретниот договор изнесува помалку од 52.000,00 МКД.

Нагласуваме дека при учеството во споменатата постапка, како и во целокупното наше работење, СТЕНТОН ГРАДБА строго ги почитува и во целост ги применува сите важечки законски процедури и норми.

Воедно, Ве известуваме дека против предметното решение имаме изјавено жалба пред Кривичниот совет при Основниот суд Прилеп. Со оглед на фактот што сметаме дека во случајот е направена погрешна проценка, очекуваме жалбата да биде уважена и определената мерка за обезбедување да биде укината во целост. Како и досега, компанијата останува целосно отворена за соработка и им стои на располагање за помош на сите надлежни државни институции, со цел транспарентно утврдување на сите релевантни факти и околности поврзани со случајот, гласи одговорот кој го добивме од таму.

Централниот регистар исфрли и други фирми кои што се поврзани со истрагата со злоупотреби преку прилепската болница. Една од попознатите е Ибо Под Прилеп, која редовно добива тендери од стотици илјади евра за санации и реконструкции на објекти и подови низ земјата. Тука се уште и Секјурити-М.К.-Агенси,која вршела обезбедување на прилепската болница, Спутник Индустри Скопје, која единствените три договори во учеството во јавните набавки ги има добиено од ЈЗУ Општа болница Прилеп, како и Офис Лидер со еден тендер зад себе за чистење на оваа здравствена установа. Ваква забрана добија и микро фирмите Домет ММ  и Тони Дооел од Прилеп.

Прилепското обвинителство спроведува истрага за вкупно 32 лица, од кои 7 правни лица, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреби при јавни набавки, злоупотреба на службената положба и фалсификување и уништување деловни книги, а со делата наводно е оштетен буџетот на болницата за околу 700.000 евра.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

To top