Бизнис

Брисел попушта под притисокот на камионџиите – следната недела итна средба со министрите од Западен Балкан

Во новата Стратегија за визи, Европската комисија официјално за прв пат призна дека сегашните правила за престој во „Шенген-зоната“ не одговараат на реалните услови за работа на професионалните возачи на камиони од трети земји и најави воведување посебни решенија што би можеле да го решат долгогодишниот проблем на возачите на камиони.

Европската комисија закажа итен состанок за следната недела со министрите од шесте земји од Западен Балкан, со цел да се најде решение за проблемите на транспортните оператори кои деновиве ги блокираа границите кон ЕУ. Портпаролот на ЕК, Маркус Ламерт, денеска потврди дека Брисел бара „прагматични решенија“ за возачите на камиони.

Според Ламерт, Комисијата веќе размислува за воведување на ново законодавство кое би овозможило специфични правила за престој на одредени професии, како што се превозниците, спортистите и уметниците.

  • „Свесни сме за загриженоста на операторите од Западен Балкан и внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе се разгледа воведување ново законодавство со специфичен сет правила за продолжен кус престој на ниво на ЕУ“, изјави Ламерт.

Иако Брисел најавува флексибилност, Ламерт повтори дека правилата за 90 дена престој во период од 180 дена се на сила со години и дека новиот систем ЕЕС (Entry/Exit System) само ја зајакнува контролата, а не воведува нови ограничувања.

Европската комисија наведува дека во текот на 2026 година, во соработка со земјите членки, ќе работи на наоѓање специфични законски решенија, вклучително и можноста за усвојување нови правила што би важеле во целата Шенген-зона. Целта е да се обезбеди правна сигурност и за возачите и за транспортните компании, а воедно да се зачува безбедноста на надворешната граница на ЕУ.

 

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Нема ценовен шок, имаме стабилност во снабдувањето со нафта, рече премиерот

Владата успешно се справува со економските предизвици, нема ценовен шок, инфлацијата е најниска во регионот, а приоритет останува зголемувањето на стандардот на граѓаните. Како што истакна премиерот Мицкоски, почетокот на годината носи охрабрувачки показатели – Владата и бизнис-секторот работат на стабилноста, заштитата на стандардот и на долгорочниот раст, а компаниите имаат доволно резерви за снабдување.

„Платите се мизерни, излезете да се бориме за нив“ – Трендафилов ги повика работниците на протест

На прес-конференција која се одржа во Работничкиот дом, Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го најави новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати и упатувајќи повик за присуство на сите работници и на сите граѓани.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

To top