Бизнис

Електричните автомобили станаа поевтини од хибридите

Батериите поевтинија за 37 проценти за пет години

Со години електричните автомобили се сметаа за поскапа алтернатива на возилата со мотори со внатрешно согорување, но ситуацијата значително се промени.

Според Mobility Global, просечната глобална цена на електричен автомобил минатата година падна на околу 37.000 долари, додека просечната цена на хибриден автомобил се искачи на околу 39.000 долари.

Во споредба со 2020 година, просечната цена на електричните модели се намали за 9 проценти, додека хибридите поскапеа за 16 проценти.

Една од главните причини е падот на цената на литиум-јонските батерии. Нивната цена падна за 37 проценти помеѓу 2020 и 2025 година, а батеријата обично сочинува околу 30 до 40 проценти од вкупната цена на електричен автомобил.

Големо влијание има Кина, која контролира околу 80 проценти од глобалниот пазар на батерии. Сè повеќе производители користат и поевтини LFP-батерии, кои не содржат кобалт и стануваат сè поконкурентни во однос на перформансите.

Кинеските производители, исто така, играат клучна улога. Во 2020 година Кина извезе помалку од 100.000 електрични автомобили, додека минатата година тој број достигна дури 1,64 милиони возила.

На некои пазари електричните автомобили веќе се поевтини од хибридите. Во Југоисточна Азија и Јужна Америка кинеските производители брзо го зголемуваат своето присуство, додека во Тајланд тие веќе сочинуваат речиси 30 проценти од продажбата на нови автомобили.

Во исто време, просечните цени на автомобилите со мотори со внатрешно согорување малку се зголемија, додека цената на plug-in хибридите падна, делумно благодарение на поевтините LFP-батерии.

Високите цени на горивата претставуваат дополнителен поттик за електричните автомобили. Кога бензинот и дизелот стануваат поскапи, пресметката за купувачите на електрични возила станува сè попривлечна.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top