Бизнис

„ЕУ – бизнис“, „САД – бизнис“, „Швајцарија – бизнис“, „Светска банка – проект“: Азески за соработниците

Колумна на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Летниот период беше искористен за интензивирање на нашата меѓународна активност. Во овој момент тоа е нужно бидејќи пред бизнисот се испречија повеќе бариери кои мора да се разрешат. Тука, пред сè, мислам на административните поврзани со влезот, престојот и со движењето на нашите бизнисмени во ЕУ – од електронската регистрација и биометриските контроли до дополнителните услови за престој и деловен ангажман, кои оставаат последици врз нашиот бизнис од аспект на процедури, време и дополнителни трошоци. Исто така, упорно работиме на подигнување на извозот, за кој стотина пати јавно сме кажале дека е приоритет над приоритетите, пишува во својата колумна првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Но, да одиме по ред. Оваа недела, поточно на 10 септември, гостин ќе ни биде високиот претставник на ЕУ Михалис Рокас, наш добро познат пријател, со кого ќе разговараме на следниве теми: олеснување на трговијата со ЕУ и бришење на административните бариери кои постојат меѓу нас. Сигурно нема да бидат избегнати ниту другите прашања ниту извештаите од ЕУ кои ги оценуваат нашите ставови и имплементации. Управниот одбор на Комората како највисоко тело и Клубот Европа како претставник на Комората во односите со ЕУ ќе бидат соговорници од наша страна.

Прилично отворена размена на мислења за економијата имав и со в.д. шефот на Мисијата на САД во Македонија, г-ѓа Никол Вaрнс. Ја искористив приликата да ја информирам за повеќе наши активности поврзани со зголемувањето на обемот на трговската соработка. Една од нив е и долго подготвуваната посета на делегација на Стопанската комора на Америка кон почетокот на идната година.

Швајцарските дипломатски претставници, како и секогаш, на денот на нивната независност, но и на Тиквешкиот гроздобер повторно потврдија дека се наши силни поддржувачи на проектен план, а така и ќе продолжат.

Ист е случајот и со претставништвото на Светска банка, каде што бев на преговори за нов проект. Ако на тоа ги додадеме и активностите на КИФ, со кој сме претседавачи, а и тоа дека јас како претседател ќе учествувам во работата на состанокот на министрите за економија на Западен Балкан со раководството на ЕУ во Цетиње и на големата конференција во Будва, имаме доволен доказ дека со полн капацитет се враќаме на меѓународната сцена, која е особено значајна за нас.

Само уште еднаш ќе напоменам: без мафлосување, туку со чесни намери да си помогнеме самите себе и да не се срамиме да побараме помош од подобрите од нас. Само така меѓународните бизнис-активности ќе имаат смисла, заклучува Азески.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top