Бизнис

(Фото): Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево, кажа Николоски

Со околу 250 бетонски столбови/колови ќе се стабилизира земјиштето на најтешкиот дел од автопатската делница Кичево-Охрид. Во пределот кај Ботун, земјата е црна-графитна и важи за најнестабилна земја, а дополнително има и многу вода. Токму затоа стабилизација на косините кај Ботун ќе се врши со градежна техника која ја првпат се користи не само во Македонија, туку и на Балканот.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со кое се стабилизира нестабилното земјиште. Тој посочи дека специфичните услови на теренот досега претставувале сериозен предизвик за изградбата, но преку со ангажирање домашни и странски експерти е пронајдено решение. Николоски објасни дека проблемот произлегува од природните карактеристики на земјиштето, што ја отежнува стабилизацијата на теренот.

  • ,,Има работи што можеме да ги направиме и работи што не можеме да ги смениме. Она што не можеме да го смениме е земјата. Околу вас можете да видите дека се работи за црна графитна земја, која што е најнестабилна земја, којашто воопшто може да се најде. Таква е планината. Тука дополнително има многу вода, што може да се види по вегетацијата, околу нас и кога водата ќе се спои со графит, тогаш настанува една каша и нема никаква стабилизација. Тоа е причината зошто овој дел околу селото Ботун до сега беше невозможно“, рече Николоски. 

Тој истакна дека условите во тој дел се главната причина поради која тој дел од автопатот е сложен и бара поинаков пристап, а кажа и дека во процесот да се најде решение за истото биле вклучени домашни професори и експерти, научници, и компанијата ,,Синохидро“.

  • ,,Ги собравме најголемите умови кои што ги има Македонија, ги собравме најдобрите професори кои што ги има Македонија и најискусните луѓе, во соработка со светски научници, со луѓе кои што ова го правиле на други места во светот и секако во соработка со ,,Синохидро“ и со нивни научници и решението го имаме позади нас. Имено, стабилизацијата ќе оди со една специјална техника која што кога ќе се изгради автопатот, за жал никој веќе нема да може да ја види и затоа сакавме денеска да ја презентираме“, кажа Николоски и додаде:

,,Позади нас можеме да видиме машини, од кои што секоја тежи по 130 тона, такви во моментов има три, ќе се додадат уште две, пет машини кои што специјално се донесоа за оваа работа, се донесоа надвор од државата. Секој од овие машини влегува во земјата во должина од 20 до 28 метри. Тоа е помеѓу 7 и 11 ката зграда. Се влегува во земјата 7 до 11 ката надолу, се спуштаат арматурни кафези, секој арматурен кафез тежи по 30 тона железо и истите после тоа се поливаат со бетон. Помеѓу нив има цевки и има челични јажиња, кои што ги држат едните со другите и практично ние под земјата создаваме една целосна структура која што треба да ја држи основата на автопатот. Вакви решенија ќе се направат вкупно 250 на автопатот Охрид-Кичево коишто 163-те се кај Ботун, останатите се на останатиот дел од автопатот, вклучувајќи и кај Кнежино, кај Кичево и на овој начин се решава најтешкиот дел од автопатот“. 

Николоски вели дека ова решение е новина во целиот регион и поради тоа е и предмет на интерес кај стручната јавност.

  • ,,Ова е убедливо инженерски најтешкиот дел и ова е делот кој што претставува новина не само Македонија, токму во целиот регион, нешто за што ќе се предава на факултетите и несклучено најголемиот светски симпозиум на научници во делот на градежништвото од вчера почна во Скопје, денеска се предава токму за ова што е позади нас“.

Најнови вести од: Бизнис

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

Комерцијална банка е прва и единствена од Македонија на топ листата на Форбс

Од лидер на домашниот пазар до банка препознаена на глобалната финансиска сцена, Комерцијална банка продолжува да поставува повисоки стандарди, да создава долгорочна вредност и да го претставува македонското банкарство меѓу најуспешните банки во светот.

(Видео): Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите, рече гувернерот

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

Филипче и СДСМ создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи ‘Алта банка’

Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на „Алта банка“

To top