Бизнис

(Фото): Историски договор за железничко поврзување на Скопје и Софија

Со овој чекор, двете земји се обврзаа на директно железничко поврзување меѓу главните градови Скопје и Софија, што ќе придонесе за значајни социјални и економски придобивки за целиот регион.

Од Скопје до Софија со воз. Ставен потпис на документот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. На железничката станица Ѓуешево, двете земји официјално го потпишаа договорот за изградба на Коридорот 8. Рака си подадоа македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, и бугарскиот министер за регионален развој Гроздан Караџов. Договорот опфаќа изградба на меѓуграничен железнички тунел долг 2,4 километри.

Николоски и Грозданов го истакнаа значењето на поврзувањето, а претставниците на Европската комисија изразија задоволство што двете страни го исполнуваат договореното од состанокот во јули во Брисел за откочување на проектот, но порачаа дека очекуваат навремена реализација. 

Коридорот 8, кој ги поврзува Јадранското со Црното Море, ќе овозможи директен излез на Македонија кон два мориња, што е од суштинско значење за зголемување на економската конкурентност.

Од Европската комисија сметаат дека проектот е од големо значење не само за Македонија и Бугарија, туку и за целиот Западен Балкан.

Изградбата на пругата започна во 1994 година и се смета за проект од национален интерес. Првата делница Куманово – Бељаковце (30,8 км) е веќе завршена со инвестиција од 40,5 милиони евра. Во тек е изградба и реконструкција на делницата Бељаковце – Крива Паланка (34 км) со вредност од над 155 милиони евра, каде прогресот е 35%, а завршувањето се очекува до крајот на 2026 година.

На церемонијата присуствуваа претставници од НАТО, САД, Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Светска банка, како и Амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Договорот опфаќа изградба на меѓуграничен железнички тунел со проектирана должина од околу 2,4 километри – 1.189,30 метри на македонска територија и 1.193,70 метри на бугарска. Коридорот 8, кој ги поврзува Јадранското со Црното Море, ќе овозможи директен излез на Македонија кон два мориња, што е од суштинско значење за зголемување на економската конкурентност.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top