Бизнис

Годинава ќе ја завршиме со раст на економијата, но има промена инфлацијата

Народната банка ги ревидираше априлските проекции за економскиот раст за годинава и за инфлацијата. Најновите проекции на централната банка велат дека економијата оваа година ќе има раст 3,5%, наместо 3%, како што беше предвидено во април. Гувернерот Трајко Славески истакна, на среден рок, растот на економијата би забрзал на 4%.

Растот на домашниот бруто – производ годинава ќе достигне 3,5 отсто, а инфлацијта 3,9 отсто, предвидува Народната банка во есенските макроекономски проекции, што денес ги презентира гувернерот Трајко Славески. Во периодот 2026 – 2028 година растот би забрзал на 4%. Структурно гледано, економскиот раст ќе биде поттикнат од домашната побарувачка, додека нето-извозот би имал негативен придонес, се вели во прогнозите. Ова е нешто подобро во однос на пролетните прогнози, кога се очекуваше раст на БДП од три отсто, но и влошување кај инфлацијата, во однос на процените од јуни кога проекцијата беше пооптимистичка за 3 отсто годинава.

Во рамките на домашната побарувачка, бруто-инвестициите и личната потрошувачка и натаму се главните двигатели на растот, поддржани од зголемувањето на расположливиот доход на домаќинствата и од солидната кредитна активност на банките, надополнета со поволната државна кредитна поддршка за фирмите.

Солиден придонес за растот ќе има и извозот на стоки и услуги, со оглед на поголемата отпорност на домашната економија на надворешните трговски тензии.

  • „Проекциите за растот на економијата за 2025 година, со оглед на подобрите остварувања, се ревидирани во нагорна насока (априлска проекција за раст на БДП од 3%). На среден рок, не е направена промена во изгледите за македонската економија, при непроменети оцени за фундаменталните фактори коишто ќе влијаат врз растот”, рече Славески, додавајќи дека ниту една земја не е остров сама за себе, што особено важи за Македонија.

Во 2025 година, просечната стапка на инфлација ќе изнесува 3,9%, а во понатамошниот период на проекциите ќе следи патека на надолно приспособување и вракање кон историскиот просек.

Просечната стапка на инфлација од 3,9% во 2025 година (3% во априлската проекција) ќе биде под влијание на растот на цените на храната, при стабилна, но се уште инертна базична инфлација и одредено стабилизирање на цените на енергентите. Во наредниот период, стапката на инфлација ќе се сведе на 2,5% во 2026 година и 2,0% во периодот 2027 – 2028 година.

Постепеното стабилизирање на инфлацијата на среден рок би произлегло од закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка и увозните цени.

Во услови на солиден раст на депозитната база и солидна профитабилност на банките, како и поддршка од средствата на државата преку Развојната банка за инвестиции на домашните компании, во првите девет месеци од годината кредитната активност забележа силен раст, којшто би продолжил и до крајот на годината, но поумерено (поради ефектот од споредбената основа), достигнувајки стапка од 11,6% на крајот на 2025 година (9% во претходната проекција). Веќе во наредниот период, 2026 – 2028 година, се очекува забавуванье на кредитниот раст, којшто би се свел на 7,3%, во просек, при очекувани ефекти од преземените макропрудентни мерки донесени во последниот квартал оваа година, во услови на натамошна солидна капитална и ликвидносна позиција на банките. Планирано е депозитите, како главен извор на финансирање на банките, да остварат солидни стапки на раст во текот на целиот период на проекциіата, во услови на натамошна доверба во банкарскиот сектор, очекуван раст на расположливиот доход на населението, како и ефекти од мерките преземени од Народната банка за натамошно поттикнување на штеденьето во домашна валута.

На крајот на 2025 година, се очекува годишен раст на вкупните депозити од 9,5% (наспроти 7,5% според проекцијата од април), додека за наредниот тригодишен период (2026 – 2028 година) е проектиран натамошен солиден раст на депозитите, којшто во просек би изнесувал 7,6%.

Во однос на екстерната позиција на домашната економија во 2025 година, се оценува дека дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 4,2% од БДП, што претставува проширување на дефицитот во споредба со претходната година.

  • Оваа промена произлегува од понискиот суфицит кај секундарниот доход, чиешто надолно прилагодуванье продолжи и во текот на оваа година, по историски високите нивоа достигнати во изминатиот период, рече Славески.

Дополнителен ефект има и намалуваньето на суфицитот кај услугите. За 2025 година, се очекува дека трговскиот дефицит ќе се стесни, одразувајки ја релативната отпорност на извозниот сектор, како и помалите притисоци од енергетската компонента. Во понатамошниот период се очекува постојано подобрување на салдото на тековната сметка, коешто за периодот 2026 – 2028 година изнесува 3,4%, во просек, од БДП. Подобрувањето на тековната сметка би произлегло од понискиот дефицит во размената на стоки со странство, при поповолно надворешно окружување и намалени притисоци од увозните цени на енергентите. Во периодот 2025 – 2028 година, се очекуваат солидни нето-приливи на финансиската сметка, коишто би се искористиле за финансирање на дефицитот на тековната сметка. Во однос на структурата, најголемиот дел од финансиските приливи на нето-основа се очекуваат во форма на странски директни инвестиции и долгорочно задолжување на државата во странство. За целиот период на проекцијата се очекува зголемување на девизните резерви и натамошно соодветно ниво за одржување на стабилноста на домашната валута. Во споредба со априлскиот циклус проекции, се очекува умерено повисок дефицит на тековната сметка, наспроти финансиските текови, коишто во просек се повисоки од претходните очекувања.

Општо земено, макроекономската слика за домашната економија укажува на солидни економски изгледи, како одраз и на надворешните, и на домашните фактори, натамошна стабилизација на инфлацијата и на надворешната позиција, која што обезбедува адекватно ниво на девизни резерви.

Макроекономското сценарио за македонската економија не е значително променето во однос на априлските проекции, се посочува во есенските прогнози на НБМ.

Ризиците сё уште се нагласени и претежно се неповални.

Главните ризици од надворешното окружување се слични на оние од април и се главно поврзани со ефектите од протекционистичките политики и истакнатата неизвесност во однос на идните трговски политики и геополитички тензии. Исто така, и натаму има ризици од домашните фактори, коишто може да влијаат врз побарувачката и цените во домашната економија.

Народната банка, како и досега, внимателно ке ги следи движењата кај најважните показатели и ризиците од надворешното и домашното окружување и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност.

Најнови вести од: Бизнис

Алкалоид на форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“: Патот кон европските пазари го изградивме сами, чекор по чекор

Мукаетов истакна дека „Алкалоид“ расте и се развива во таква комплексна средина, останувајќи доследен на своето мото Здравјето пред сè

Инфлацијата годинава треба да падне под 3 отсто, очекува Владата

Што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели премиерот.

Пратениците пак се скараа за парите – СДСМ бара 600 евра минималец, ВМРО-ДПМНЕ смета дека платите мора да растат според економските параметри

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, од собраниската говорница порача дека дебатата за минималната плата е политички инструирана и не ја отсликува реалната слика на пазарот на труд. Одговарајќи на пратеничко прашање од Левица, тој изнесе податоци според кои бројот на луѓе кои живеат само од минимална плата е занемарлив.

Нема повеќе профит врз грбот на граѓаните, Владата воведува ред на пазарот

Анализите во минатите години покажаа дека поради сивата економија државата губи милиони евра годишно. Само државниот буџет секоја година губи околу половина милијарда евра коишто би можеле да се инвестираат во здравството, образованието или инфраструктурата.

Државната помош не смее да е товар на јавните финансии, туку инвестиција во одржливиот раст

Во државава недостига централизирање на државната помош, таа се води во разни институции, а тоа го отежнува управувањето со овие пари. Затоа е неопходно брзо да се направи централен регистар за државна помош, со широка палета програми што се нудат и на тој начин не само што ќе се подигне транспарентноста, туку и ќе може подетално да се мерат ефектите од таа помош.

(Фото): Работник со минималец од 400 евра, заработува за газдата 4.700 евра, тврдат Синдикатите

Добар ден на сите освен на министрите во Владата, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, од протестот пред Владата на кој ги повтори барањата на работниците за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.

Заедно со Министерството за транспорт ќе ги решиме проблемите на превозниците, смета стопанството

Од Асоцијацијата „Макам-транс“ велат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат превозниците при престојот во шенген-зоната во преодниот период до целосно спроведување на новата стратегија за визна либерализација на Европската Унија. Посочуваат дека веќе има позитивни одговори од некои од институциите и коморите по чекорите што ги презедоа за поголемо лобирање за наоѓање решение и апелираат на што поголем заеднички ангажман од сите во оваа насока.

To top