Бизнис

Годишната инфлација во јуни е 0,5 отсто, дел од цените минимално зголемени

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, изнесува -0.5 %.

Инфлацијата во јуни, во однос на мај, се намали за 0,5%, измери Државниот завод за статистика. На годишно ниво изнесува 3,4%. Најголемо месечно намалување на трошоците на животот е забележано кај транспортот, каде цените се пониски за 1,6 отсто, како и кај групата храна и безалкохолни пијалаци со пад од 1,1 отсто. Кај рекреацијата, спортот и културата има зголемување од 1,4 отсто, додека кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги растот изнесува 0,5 отсто. Помало зголемување има и кај трошоците за покуќнина, опрема и одржување на домаќинствата, како и кај рестораните и хотелите, по 0,3 отсто. Кај здравствената заштита е забележан раст од 0,2 отсто, а кај облеката и обувките од 0,1 отсто.

Според најновото соопштение на Државниот завод за статистика, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2026. година во однос на мај изнесува -0,5%. Најголемо намалување има кај транспортот, за 1,6%, и кај храната и безалкохолните пијалаци, за 1,1%. Токму тие две групи најдиректно се чувствуваат во семејниот буџет: едната на бензинската пумпа и во јавниот превоз, другата на касата во маркетот.

  • Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 1,4 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата и Ресторани и услуги за сместување за 0,3 %, Здравствена заштита за 0,2 %, Облека и обувки за 0,1 %.

Паралено, без промена останале цените кај алкохолните пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, струја, гас, услугите за образование, како и осигурувањето и финансиските услуги. Во мајските макроекономски проекции, Народна банка ја проектираше инфлацијата за 2026. околу 4%, со очекување постепено смирување во наредниот период. Тоа ја прави јунската бројка охрабрувачка, но сè уште недоволна за заклучок дека ценовниот притисок олабавува.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top