Бизнис

Голем економски пресврт во Кавадарци – поранешниот гигант „ФЕНИ“ се рестартира, сите работници се враќаат во погонот

По години застој, кавадаречкиот комбинат за фероникел повторно ќе почне со работа. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави рестарт на поранешно „Фени“, сега под името „Golden Eagle“. Работниците ќе се враќаат постепено, а производството треба да стартува веќе напролет. Иако тусрскиот гигант Јулдирим кој пред две години ја купи фабриката, пред нова година се откажа од неа и ја изгаси печката, набрзо се случи пресврт.

Гигантот од Кавадарци, „Golden Eagle“ (поранешно ФЕНИ), повторно ги отвора вратите за работниците. Како што соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, рестартирањето на фабриката ќе се одвива во две фази, со што се решава егзистенцијата на стотици семејства во регионот.

Според планот, во првата фаза на работа ќе се вратат 170 работници, додека во втората фаза ќе бидат вклучени дополнителни 500 лица.

„Во април е планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе бидат ставени во функција. Оваа фабрика повторно се активира за доброто на граѓаните и локалниот економски развој“, истакна Јанчев.

Градоначалникот упати благодарност за успешната соработка со Владата, премиерот Мицкоски, Комерцијална банка и раководството на компанијата, што овозможи надминување на пречките за повторно вклучување на печките.

Македонската фабрика западна во сериозна криза откако пред повеќе од три години, дотогашниот сопственик Џи Сол ненајавено ја напушти, оставајќи ги работниците без плати и без јасна перспектива. Новиот сопственик најави дека фабриката ќе продолжи да работи под името „Голден игл никел“, со план за целосен рестарт и враќање на сите вработени.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top