Бизнис

Храната поскапува во светот – Кои артикли ќе се први на удар?!

Според анализата на Oxford Economics. глобалните цени на храната годинава ќе пораснат за 11,8%, додека следната година ќе пораснат за уште 4,8%.

Цените на храната во светот би можеле значително да пораснат оваа година. Најголем раст се очекува кај пченицата, што би можело да доведе до зголемување на цената на лебот и тестенините, оценува британската компанија за економски анализи „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics). Според анализата, глобалните цени на храната годинава ќе пораснат за 11,8%, додека следната година ќе пораснат за уште 4,8%. Житарките, овошјето, зеленчукот и млечните производи би требало најмногу да поскапат. Екстремната топлина и суша ги уништуваат посевите низ Европа, а земјоделците се соочуваат и со високи цени на енергијата и ѓубривата, кои се погодени од војните на Блискиот Исток и Украина.

По топлотниот бран во Европа, бриселското здружение на трговци со житарки и маслодајни растенија Коцерал (Coceral) во јули ја намали прогнозата за жетвата на житарки во Европската Унија и Обединетото Кралство од 295,5 на 286,6 милиони тони. Минатата година, жетвата изнесуваше 310 милиони тони, пишува Euronews. Трошоците на земјоделците исто така растат поради прекините во снабдувањето со нафта и други суровини, предизвикани од блокадата на Ормускиот Проток поради војната во Иран. Цените на дизелот на светско ниво во јули беа за 36% повисоки отколку една година претходно, делумно поради блокадата на Ормускиот Проток.

„Оксфорд економикс“ очекува цените на ѓубривата да пораснат за 22% оваа година.

Томас Дворак, виш економист во „Оксфорд економикс“, тврди дека најголемото влијание врз глобалните цени на храната има „војната меѓу САД и Иран и нејзиното влијание врз ресурсите потребни за производство, првенствено дизел, природен гас и ѓубрива“.

Војната во Украина, исто така, силно влијае на пазарот на храна.

  • Русија и Украина заедно сочинуваат нешто помалку од 30 проценти од светскиот извоз на пченица и повеќе од 10 проценти од извозот на пченка –  оценува Дворак.

Нападите врз руските и украинските пристаништа, терминали и бродови, како и попречениот извоз преку Црното и Азовското Море, би можеле да го загрозат годишниот капацитет за извоз на жито од 86 милиони тони. Ова е речиси 17% од вкупниот светски извоз на житарки.

  • Културите – житарки, овошје и зеленчук – и млечните производи ќе бидат најтешко погодени. Ова ќе влијае и на цените на преработените производи како што се лебот, сирењето, виното или маслото. Од друга страна, месото треба да биде помалку погодено – вели Дворжак.

„Оксфорд економикс“ очекува дека во третиот квартал од 2026 година цената на пченицата да биде за 36% повисока од претходната година и ќе достигне околу 4,40 евра за приближно 20 килограми.

  • За свежата храна, првенствено овошјето и зеленчукот, влијанието ќе биде брзо и веројатно видливо во продавниците за два до три месеци. За преработената храна, процесот трае подолго поради времето потребно за берба и преработка. Очекуваме врвно зголемување на цените за шест до девет месеци – објасни Дворжак.

Ова значи дека цените на свежата храна би можеле да почнат да растат посилно во октомври и ноември оваа година, додека најголемото зголемување на цените на преработената храна се очекува помеѓу февруари и мај следната година.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

To top