Бизнис

Ја почитуваме одлуката на КЗК – казната е плод на претходното раководство, велат од ССК

Казната која ја доби Сојузот на стопански комори за вмешаноста во картелското здружување на маркетите е големо нарушување на угледот на комората, се огласи новото раководство на ова бизнис здружение. Од ССК велат дека екс раководната структура не ги почитувала структурите и го прекршила статутот на комората и затоа сега ќе се сносат последици. 

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата е за дејствија кои се случувале во февруари 2025 година, во кои Сојузот на стопански комори е вовлечен од предходното раководство, непочитувајки ги структурите и кршејќи го статутот на ССКМ, се вели во соопштението што го упатија до јавноста.

  • „Ова се плодовите на работењето од предходното раковотство во Сојузот на стопански комори на Македонија кои се потврдуваат со паричната казна добиена од Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и нарушување на угледот на ССКМ и една од големот број причини за кои е разрешено едногласно предходното раководство на вонредното собрание во јули 2025 година. Како нов преседател на Сојузот на стопански комори на Македонија ќе ја почитуваме одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата и изречената финансиска казна и во оваа прилика би истакнал дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој сe формираат цените“, е ставот на првиот човек на СКСМ, Горан Ѓорѓиевски.

ССКМ е организација која повеќе од две децении работи во интерес на компаниите, стопанството и економскиот развој, почитувајки ги законските рамки и принципите на професионалност, транспарентност и независност. Нашата улога отсекогаш е да обезбедиме поддршка, информираност и размена на добри практики без какво било влијание врз деловните одлуки на компаните или нивните пазарни политики – наведуваат од ССКМ.

Од комората посочија дека ќе ја почитуваат одлуката ка Комисијата за заштита на конкурентноста и казната од 18585  евра  ќе ја платат. Нивниот став е дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој треба да сe формираат цените.

Освен за ССК комисијава за конкурентност казни и четири големи трговци кои неетички заработувале на грбот на граѓаните. Тие добија парична казна од по 50 илјади евра, иако требаше таа да изнесува во милионски суми комисијата решила да биде ваква санкцијата бидејќи било утврдено дека нефер трговските практики се случаувале краток вртеменски период.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top