Бизнис

Колку пари им заштеди „училишната кошница“ на семејствата со ученици?!

Интересот за мерките за вработување голем, бидејќи оперативниот обем е зголемен за 7,5 милиони евра, односно достигнува околу 40 милиони евра, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Според првичните информации, едно семејство во просек заштедило до 3.000 денари од акцијата „Училишна кошничка“, која траеше до 15 септември, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во Делчево, каде што на средба со претставниците со бизнис-секторот ја следеше реализацијата на активните мерки за вработување и економски развој за тековната година.

– Во текот на реализацијата на оваа акција беа спроведени околу 400 вонредни инспекциски надзори. Беа утврдени мали пропусти, кои веднаш беа коригирани на местата каде што се продаваше училиштен материјал – рече Ристески.

Тој рече дека интересот за мерките за вработување е голем, бидејќи е зголемен оперативниот обем за 7,5 милиони евра, односно достигнува околу 40 милиони евра. Средствата, како што нагласи, се наменети не само за бизнис-секторот туку и за невработените лица што сакаат да започнат сопствен бизнис или да се вработат во реалниот сектор, особено во малите и во средните претпријатија.

– Овие мерки нема да останат во постојната форма, туку ќе ги унапредуваме со цел Оперативниот план да биде уште поактивен, насочен кон развој на стопанството и намалување на невработеноста. На крајот од годината ќе направиме анализа за да видиме кои мерки ќе продолжат и ќе бидат уште поблиски до потребите на бизнис-секторот – рече Ристески.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top