Бизнис

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Од утре, во Дајмонд мол ќе завладее новогодишниот дух

Од утре, во Дајмонд мол ќе завладее новогодишниот дух. Волшебното одбројување до Новата година ќе започне со продавницата на Дедо Мраз, каде најмладите ќе можат да си најдат подароци, новогодишни пакетчиња и најразлични новогодишни производи, а за оние кои сакаат да сонуваат, има и виртуелно патување до Северниот пол, домот на најсрдечната личност, која носи радост во детските срца – Дедо Мраз.Дајмонд

Во текот на викендите, празничната атмосфера ќе биде надополнета и со магичното огледало за фотографии со новогодишни сцени, додека дечињата кои биле послушни и добри во текот на целата година, можат преку апликација да испратат порака и да добијат диплома од Дедо Мраз.

На 6 декември ќе се одржи и креативна работилница за изработка на лампиони, каде најмладите ќе имаат можност да направат специјални лампиони заедно со Дедо Мраз. Вистинско изненадување за децата ќе биде промоцијата на новата книга на Биби и Боби, по што ќе следува караоке забава каде децата ќе можат да пеат и да се забавуваат со своите омилени ликови.

Во недела, на 7 декември, празничната магија продолжува со креативната работилница за изработка на капчиња од волница, а во соработка со издавачката куќа Литература, ќе се одржи и работилница со популарниот лик од истоимената книга, Исидора Мун.

13 декември е резервиран за големото шоу со Петко и фамилијата 5+, како и за работилницата за изработка на украси од чоколадо со познатиот лик Роки од Винчини, кој ќе биде присутен и на 14 декември за да ги води децата во создавањето на најубави чоколадни креации.

Ова се само дел од изненадувањата за најмладите кои ќе се случуваат во празничниот амбиент во Дајмонд мол.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top