Бизнис

(Видео): Македонија е единствена која не е членка на ЕУ, a потпиша Меморандум за развој со земји членки на ЕУ

Како што појасни министерката во исто време се проширува и пазарот, осносно хартиите од вредност на македонските компании ќе можат да ги купуваат и граѓаните од другите седум земји членки на ЕУ, а нашите граѓани ќе имаат можност да инвестираат во нивните компании.

Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, а сепак потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Дневникот на ТВ Сител.

„Тоа е еден од најзначајните исчекори на Министерството за финансии во последниот период, особено затоа што е насочен кон приватниот сектор. Зошто ова е важно? Кога зборуваме за пазар на капитал, обично се мисли само на берзата како место за купопродажба на акции. Но, суштината на овој Меморандум е многу поголема – тој овозможува формирање пазар на кој ќе може да се тргува и со новоиздадени хартии од вредност, не само со акции, туку и со обврзници. Тоа отвора огромна можност за македонските компании кои тешко обезбедуваат финансирање од банките – сега ќе имаат алтернатива да издадат сопствени обврзници или акции“ кажа Димитриеска-Кочоска.

Како што појасни министерката во исто време се проширува и пазарот, осносно хартиите од вредност на македонските компании ќе можат да ги купуваат и граѓаните од другите седум земји членки на ЕУ, а нашите граѓани ќе имаат можност да инвестираат во нивните компании.

  • „На тој начин се создава интегриран пазар на капитал – нешто што одамна функционира во САД, но во Европа сè уште е ограничено. Оваа иницијатива, која ја покрена Министерството за финансии на Хрватска, е навистина голем чекор за сите осум земји. Следува процес на усогласување на законите и правилниците, а очекуваме за една до две години првите компании да започнат да издаваат хартии од вредност, а инвеститорите – и домашни и странски – да можат да инвестираат во нив,“ потенцираше Димитриеска-Кочоска и дополни дека е горда што што Македонија е дел од оваа иницијатива, бидејќи таа е пред сè насочена кон тоа да им помогне на компаниите полесно да дојдат до финансиски средства и да создадеме подинамичен пазар на капитал.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска заедно со министрите за финансии и економија на Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија во понеделникот во Загреб го потпишаа Меморандумот за разбирање за соработка во развојот на пазарите на капитал.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top