Бизнис

Масовен прилив на мигранти во Украина поради недостиг од работници

Мажи од Бангладеш, Индија, Пакистан, Таџикистан, Египет ги пополнуваат местата на Украинците во економијата, пишува „Форбс“

Бран економски мигранти ја заплисна Украина, чија економија се соочува со голем недостиг од работници среде војната со Русија, пишува американскиот магазин „Форбс“.

Украинците или веќе се во редовите на оружените сили, или се плашат дека ќе бидат мобилизирани и одлучуваат да не одат на работа.

Како резултат на тоа, работното население се крие од украинските војници дома, а компаниите се принудени поактивно да вработуваат мигранти, иако нивната работа чини 25-30 проценти повеќе.

Работниците од Бангладеш, Индија, Пакистан, Таџикистан, Египет се активно вклучени во градежништвото, трговијата, логистиката и преработувачката индустрија.

„Форбс“ заклучува дека украинскиот пазар на трудот е сè повеќе зависен од работниците-мигранти, особено во областите каде што е потребна физичка работа.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top