Бизнис

Мицкоски: До 25% се пониски цените со кои истите добавувачи сега ги снабдуваат „ЕСМ“ и „РЕК Битола“

Премиерот при посетата на РЕК Битола рече и оти вистинското прашање кое сега се поставува е каде завршувале тие 25 отсто и оти судот треба да каже зошто во времето на владеење на СДСМ и ДУИ се купувале исти производи за поголеми суми.

„Опозицијата својата улога ја гледа во постојани напади и ширење лаги, со што, се обидува да остави впечаток кај граѓаните“, вала одговори премиерот Христијан Мицкоски на низата обвинувања на опозициската СДСМ за начинот на функционирање, но и склучените набавки за јаглен и мазут во РЕК Битола. Откако од СДСМ, вчера обвинија дека деновиве во комбинатот повторно се носи јаглен од Грција и тоа преку истата фирма за која партијата ВМРО-ДПМНЕ, на чие чело е токму премиерот Мицкоски од опозиција обвинуваше дека е со сомнителен квалитет, но и оти на шести август е склучен договор во вредност од два милиони евра за набавка на мазут со Пуцко Петрол – фирма за која ВМРО-ДПМНЕ исто така реагираше дека е вмешана во незаконски дејствија и оти носи мазут со сомнителен квалитет, премиерот Мицкоски денеска рече оти тој нема конкретни сознанија во однос на тоа кои компании соработуваат со АД ЕСМ и РЕК Битола, но посочи дека цените по кои тие фирми снабдуваат, сега се пониски за околу 20 до 25 отсто споредба со времето кога со комбинатот управувале СДСМ и ДУИ.

  • „Вистинското прашање е каде оделе тие 25 отсто, тоа е суштинското прашање на кое Обвинителството и МВР отпочна процес на истраги, на предистражни постапки, судски постапки, да почекаме судовите да кажат зошто тогаш за 20 до 25 отсто се купвуале истите работи кои може да се купат сега за помала цена и зошто се купувале производи кои не се употребени или во мегаломански количини кои никогаш нема да бидат употребени“, вели премиерот.

Дополнително, вели оти од управувањето на СДСМ и ДУИ, во РЕК Битола не останало ништо и оти за среќа сега има мотивирано раководство кое работи на консолидација, работа која тој ја опиша како многу тешка имајќи в предвид дека претходно имало луѓе кои само уништувале.

Вчера, од СДСМ обвинија дека состојбата во најголемиот производител на електрична енергија е алармантна, со сериозни недостатоци и партизација. Обвинија оти во комбинатот повторно се носи јаглен од Грција преку фирма која ВМРО-ДПМНЕ од опозиција ја нарекуваше сомнителна, но и дека е потпишан нов договор за набавка на мазут со Пуцко Петрол во вредност од два милиони евра. Оттаму велат дека од ВМРО-ДПМНЕ имале низа обвинувања и за оваа фирма за незаконски дејствија и правење набавки на мазут со сомнителен квалитет. Меѓудругото, обвинија и за непотизам и партиски вработувања.

  • „Примени се над 300 партиски војници, меѓу кои и зет на претседателот на битолското ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, внук на градоначалникот во заминување, Тони Коњановски, брат на претседателот на Унијата на млади сили, Мартин Ивановски. Но, работници за тековно одржување на системите нема. Недостасуваат бравари, електричари, вулканизери и други стручни профили. Прашуваме каде се распоредени новопримените работници? Дали се заштитени и скриени по канцеларии и магацини каде и без нив има превработеност“, вели опозицијата.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top