Бизнис

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте

За 2026 година очекуваме растот да се движи меѓу 3,5 и 4 проценти

Како Влада веќе шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте со 3,5 проценти во просек, истакна премиерот Христијан Мицкоски денеска кој ги коментираше најновите податоци за растот на БДП.

-Во последните два квартали од 2025 година, реалниот БДП расте до 3,8%. Често пати од опозицијата се исмеваат со ова што го зборувам, но факт е дека и во четвртиот квартал, од оние податоци кои ги објавува Евростат, реалниот раст на македонскиот бруто-домашен производ е во првите три во Европа. Ако се вратиме наназад неколку години, ќе дојдеме до констатација дека тогаш бевме на дно од регионот, сега сме пред соседите, истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека во 2024 година Македонија ја заврши со реален раст на годишно ниво од 3 проценти, а во 2025 со раст од 3,5 проценти.

-За 2026 година очекуваме растот да се движи меѓу 3,5 и 4 проценти, да имаме континуиран раст во услови кога европски раст е околу 0,5 проценти. Тоа значи дека економијата е консолидирана и политиките кои ги води оваа влада вродуваат со плод. Имаме политика која внимава, не троши премногу, но тоа што го троши, го троши таргетирано со цел да вродува со плод, нагласи Мицкоски.

Напомена и дека номиналниот БДП во 2025 порасна за 8,3 проценти, што претставува историски рекорд за македонската економија.

Најнови вести од: Бизнис

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Какви мерки предлагаат експертите во однос на енергетска криза?!

Зголемувањето на инфлацијата е неизбежно, со оглед на тоа дека кризата на Блиски Исток има трипати поголем потенцијал од онаа која произлезе од војната во Украина – оценка на економските експерти. Советуваат подобра координација на фискалната и монетарната политика, зголемување на каматната стапка при заострување на состојбата, поддршка на ранливите категории граѓани и на бизнисот за одржување на ликвидноста.

Се враќаат парите од солидарниот данок – дел сега, дел в година

Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот […]

To top