Бизнис

Народна банка со нови мерки за штедење во денари

Народната банка донесе Одлука за изменување и дополнување на политиката за задолжителна резерва, со цел да се промовира долгорочно штедење во домашна валута и да се зајакне монетарната политика. Овие измени се насочени кон зголемување на стабилноста на депозитната база на банките и поттикнување на попривлечни финансиски инструменти за клиентите. Според новите правила, стапката на […]

Народната банка донесе Одлука за изменување и дополнување на политиката за задолжителна резерва, со цел да се промовира долгорочно штедење во домашна валута и да се зајакне монетарната политика. Овие измени се насочени кон зголемување на стабилноста на депозитната база на банките и поттикнување на попривлечни финансиски инструменти за клиентите.

Според новите правила, стапката на задолжителна резерва за девизните обврски со рочност до две години се зголемува од 21% на 22%. За девизните обврски со рочност над две години, стапката се удвојува од 5% на 10%. Истовремено, делот од задолжителната резерва за девизните обврски што се исполнува во евра се зголемува од 85% на 90%. За обврските во денари, стапката на задолжителна резерва е зголемена од 8% на 9%.

За да се поддржи долгорочното штедење во денари, стапката за задолжителна резерва на денарските депозити на физички лица со рочност од една до две години се нормализира од 0% на 9%. Оваа мерка ќе има одложена примена од околу 14 месеци, што ќе им овозможи на банките постепено да ги приспособат своите практики.

Повеќето од овие измени ќе стапат на сила од периодот на задолжителна резерва во ноември 2025 година. Се очекува дека новите мерки ќе ги поттикнат банките да воведат поконкурентни каматни стапки за долгорочни денарски инструменти за штедење, што ќе ја зајакне стабилноста на депозитната база и ќе го зголеми учеството на денарското штедење на подолг рок.

Најнови вести од: Бизнис

Азески на регионален бизнис-форум: Го поврзуваме стопанството и градиме партнерства

Во рамки на Форумот, се потпиша и Меморандумот за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Војводина, за кој претседателот Азески вели дека  не е само уште еден е протоколарен чин.

Славески: Со приклучување кон клонот на ТИПС, правиме уште еден историски чекор во модернизацијата на домашниот платен систем

Гувернерот нагласи дека Народна банка останува посветена на натамошна модернизација на домашната платежна инфраструктура преку развој на дополнителни дигитални услуги врз инфраструктурата за инстант плаќања, кои ќе овозможат поедноставно и подостапно прифаќање на инстант плаќањата, особено од страна на трговците и малите бизниси, ќе ја поддржат дигитализацијата на приватниот и на јавниот сектор и ќе создадат услови за нови пазарни иновации.

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

Денес, со над 1.500 информирани посетители зад себе, Центарот ја потврдува оправданоста на оваа иницијатива. За полесен пристап до стручни совети, бесплатните консултации отсега може да се закажат и онлајн, преку веб-страницата на „Реплек“

To top