Бизнис

Николоски: Над 4 милиони евра се инвестира во општина Неготино преку министерството за транспорт

Во моментот преку програми што се од Владата преку Министерството за транспорт се инвестираат околку 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, на водоводни и канализациони системи, паркови, кружен тек, плоштад

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски присуствуваше на официјалната посета на општина Неготино.

-Навистина е задоволство да се биде во Неготино и да се види колку многу проекти или се завршуваат, или се работат или ќе почнат да се работат. Драго ми е што со една нова енергија градоначалничката ја внесе, се забрзуваат голем проекти со поддршката од Советот со поддршката од пратеникот, од Владата и лично од премиерот Мицкоски и овде имаме комплетно една нова слика за општина Неготино. Мислам дека тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство, ијвави Николоски.

Вицепремиерот Николоски ги потенцираше програмите и проектите кои се реализираат во општината.

-Во моментот преку програми што се од Владата преку Министерството за транспорт се инвестираат околку 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, на водоводни и канализациони системи, паркови, кружен тек, плоштад, истакна вицепремиерот Николоски.

Николоски потенцира дека ќе продолжат да ја поддржуваат општината, а со новите можности кои што се отвараат ќе разговараат и за нови проекти.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top