Бизнис

Николоски: Во општина Гевгелија инвестираме 165 милиони денари во изградба на инфраструктурата

Ќе се гради нов влез во градот

Досега владата прку министерството за транспорт во општина Гевгелија има инвестирано или инвестира 165 милиони денари што е една сериозна сума, имајќи го во предвид и буџетот и големината на општината. Покрај оваа улица на која сме во моментов, тоа е улицата која што оди од улица Гевгелиски партизански одреди до улица Железничка, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од 2,4 милиони денари, како и изградбата на парк со детско игралиште на улицата Деко Ковачев во вредност од 7,1 милион денари, завршена е реконструкција и рехабилитација на дел од Бул.Гевгелија и натпатник на улица Железничка во првиот повик 71,7 милиони денари преку средства од министерството за транспорт завршивме и реконструиравме улици во село Моин во село Прдејци и во село Богородица и завршен е западниот Булевар, фаза “ со средства обезбедени од министерството за транспорт со поддршка Светска банка во вредност од 30, 8 милиони денари. Сето ова заедно 165 милиони денари вложување во инфраструктурата во општина Гевгелија. Најавувам дека и во следниот период ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и дека ќе има нови проекти и еден од тие ќе биде нов влез во градот, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посетата на општината.

-Големо задоволсто е кога се гледа дека се реализираат големи проекти, навистина ова што го гледаме е еден прекрасен проект, ќе даде целосно нов лик на овој дел од градот, на овој Гевгелија. Ќе ја врати автентичноста, но исто така има доста модерни елементи, тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно. И тоа што има едно подземно осветлување кое што навечер ќе даде целосно нов дух на овој дел од градот. Мислам дека ќе го смени целосно ликот, што ќе значи многу за околните жители и нивните имоти да добијат вредност тука, зошто да не се отворат и угостителски објекти во кои што ќе можат да доаѓаат гости од државата но и од странство кои што често знаат да ја посетат Гевгелија, рече Николоски и додаде:

„Во таа насока, драго ми е што дадовме поддршка како влада и како министерство за транспорт во реализација на оввој проек во вкупна вредност од некаде од 81 милион денари и да најавам дека веќе се работи на решение кое што треба да продолжи од градската библиотека до крајот на оваа улица, дека ќе продолжиме да даваме поддршка и дека сериозно ќе разгледаме да го поддржиме и тој проект, а пред некој нден со градоначалникот разговаравме за ново влез во градот кој што ќе го преземе како обврска министерството за транспорт, така што еве официјално да најавам дека ќе работиме на нов влез на градот“.

Вицепремиерот Николоски најави изградба на нов влез во градот.

-Досега владата прку министерството за транспорт во општина Гевгелија има инвестирано или инвестира 165 милиони денари што е една сериозна сума, имајќи го во предвид и буџетот и големината на општината. Покрај оваа улица на која сме во моментов, тоа е улицата која што оди од улица Гевгелиски партизански одреди до улица Железничка, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од 2,4 милиони денари, како и изградбата на парк со детско игралиште на улицата Деко Ковачев во вредност од 7,1 милион денари, завршена е реконструкција и рехабилитација на дел од Бул. Гевгелија и натпатник на улица Железничка во првиот повик 71,7 милиони денари преку средства од министерството за транспорт завршивме и реконструиравме улици во село Моин, во село Прдејци и во село Богородица и завршен е западниот Булевар, фаза 3 со средства обезбедени од министерството за транспорт со поддршка Светска банка во вредност од 30, 8 милиони денари. Сето ова заедно 165 милиони денари вложување во инфраструктурата во општина Гевгелија. Најавувам дека и во следниот период ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и дека ќе има нови проекти и еден од тие ќе биде нов влез во градот, потенцираше Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top