Бизнис

Официјално почна грејната сезона со куп проблеми – дури 88 објекти останаа без парно греење

Грејната сезона во Скопје официјално започна, но топлината во домовите не ја почувствуваа сите граѓани подеднакво. Дел од скопјани утрово ги дочекаа првите млаки радијатори, но кај други топлата вода воопшто не ни протекла до грејните тела.

И официјално почна грејаната сезона. Надлежните уверуваат дека системите се подготвени и испораката на топлинска енергија ќе биде редовна, граѓаните пак велат парно нема. Дел од жителите на општина Аеродорм велат дека радијаторите биле само минимално загреани утринава а во текот на денот парното било исклучено. Правилникот за снабдување со топлинска енергија налага радијаторите да грејат кога надворешната темппература е под 12 степени, а во домот треба да биде обезбедена топлина од најмалку 21 степен.

  • „Испораката на топлинска енергија ќе се одвива секојдневно согласно строго утврдените правила и дијаграми што зависат од атмосферските услови и надворешните температури. Според правилата, во месец октомври и првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот“, велат од ЕСМ топлина.

Од Регулаторна комисија за енергетика пак велат дека за проблемите со снабдувањето на топлинска енергија но и за дефектите кои се појавуваат граѓаните пријавуваат и кај нив.

Инаку, грејната сезона како и секоја година почнува на 15 септември и трае до 14 април. Ако прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден  е еднаква или помала од 12 º С, тогаш грејната сезона може најрано  да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top