Бизнис

Повеќе од 200 компании на македонско-српскиот бизнис-форум утре во Скопје – цел е засилување на стопанската соработка

„Се очекува и економската соработка да ги следи добрите односи меѓу Македонија и Србија. Но, мора да го овозможиме тоа, на сите начини да успееме таа соработка да ја кренеме на повисоко рамниште.  Пред неколку беше под една милијарда евра, годинава е 1,4 милијарди, тежнееме да заврши со 1,5 милијарди и во следните години да достигне две милијарди евра. Постојат ресурси и сериозна намера, кои може тоа да го овозможат, ние сме тука да им помагаме на стопанствениците, за да се оствари тоа.“ – нагласи вицепремиерот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

„Повеќе од 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од македонско-српскиот бизнис форум, што ќе се одржи утре, на 3 декември 2025 година во Скопје. Целта е јакнење на стопанската соработка.“ – најавија денеска вицепремиерот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ, откако ги посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“.

Како што посочија Стоилковиќ и Месаровиќ, големи се можностите за соработка меѓу двете земји, особено во прехранбената индустрија, а стремежот е зголемување на размената. Според нив, во форумот ќе се разговара и за инфраструктурни проекти. „Целта е српските производи да се најдат во македонските трговски ланци и српските компании во колку е можно поголем обем да отвораат погони во С.Македонија, но и инвеститорите од С.Македонија да дојдат да инвестираат во Србија и нивните производи да се најдат во српските трговски ланци, да стигнат до крајните потрошувачи. Но, не само производите, тука се и услугите. Не паметиме ваков бизнис форум со преку 200 компании, ниту толку голем интерес. Апсолутно постојат заеднички цели, особено за заеднички настап на трети големи пазари согласно со спогодбите што Србија ги има склучено со земји како Кина, Египет, Емиратите, државите на ЦЕФТА и ЕФТА, како и со сите други, со кои имаме договори за слободна трговија.“ – рече Месаровиќ.

Годинава, додаде таа, Србија и Македонија бележат раст во размената, но можностите се многу поголеми од она, што се остварува.

„Потенцијалот секогаш лежи таму каде што се ресурсите, а главните ресурси на Македонија се прехранбените производи. Тука ќе биде најголемата насоченост на сѐ, што ќе се случува понатаму. Зголемувањето на размената главно се должи на храната, но не треба да се заборават и другите гранки. Форумот е преголем, преку 200 компании, или најмалку 300 учесници, интересот е голем, дури и денеска стигнуват пријави за учество. Ова е голем економски настан за Македонија и за Србија. Се очекува и економската соработка да ги следи добрите односи меѓу двете земји. Но, мора да го овозможиме тоа, на сите начини да успееме таа соработка да ја кренеме на повисоко рамниште.  Пред неколку беше под една милијарда евра, годинава е 1,4 милијарди, тежнееме да заврши со 1,5 милијарди и во следните години да достигне две милијарди евра. Постојат ресурси и сериозна намера, кои може тоа да го овозможат, ние сме тука да им помагаме на стопанствениците, за да се оствари тоа.“ – нагласи Стоилковиќ.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top