Бизнис

Просечната плата во септември повисока за 9,3 отсто од истиот месец лани

Во септември исплатена просечна нето-плата од 45.466 денари по вработен, објави Државниот завод за статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2025 година изнесува 45.466 денари и е повисока за 9,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемување тосе должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 отсто и Транспорт и складирање за 11,5 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3,5 проценти, Јавна управа и одбрана и Задолжително социјално осигурување за 1,8 отсто и Рударство и вадење на камен за 1,1 отсто.

Најнови вести од: Бизнис

Трајко Славески на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

Сме јаделе поскапа храна за 5%, скокнале и трошоците за вода и струја

Податоците покажуваат и дека трошокот за храна и за пијалаци ни се зголемил за 5,2 проценти на годишно ниво, додека ако се спореди декември со јануари, тие останале непроменети. Трошоците за облека и за обувки за една година се зголемиле за 1,2 проценти, но на месечно ниво тие се намалиле за 1,2 проценти.

Средба Славески-Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија основа за инвестиции и економски раст

Гувернерот Славески нагласи дека одржувањето на макроекономската стабилност и финансиската стабилност е врвен приоритет на Народната банка, како основа за создавање стабилни и предвидливи економски услови, заради поттикнување на домашните и странските инвестиции и за одржлив економски раст.

To top