Бизнис

Сакам да работам: Вработените во легалните игри на среќа стануваат потенцијални жртви пред секоjа најава за избори

Очекуваме политичка партија Левица која прокламира левичарска идеологија и заштита на работничките права, да објасни како е можно да се залага 10.000 вработени да останат на улица, без егзистенција

Со оглед на фактот дека вчера на седница Владата усвои Предлог закон за игри на среќа, а истовремено политичката партија Левица најави свој предлог за целосна забрана на легалните објекти, јасно е дека економскиот сектор игри на среќа повторно станува дежурна тема на која политичарите се обидуваат да печалат политички поени, тргнувајќи го фокусот на јавноста од вистинските проблеми, реагира Здружението на вработени во секоторт игри на среќа Сакам да работам.

„Очекуваме политичка партија Левица која прокламира левичарска идеологија и заштита на работничките права, да објасни како е можно да се залага 10.000 вработени да останат на улица, без егзистенција.

Жалиме што Владата не ги прифати нашите претходни апели. Одговорно тврдиме дека за создавање реално ефикасна регулатива потребно е активно учество на асоцијациите на различните приредувачи на игри на среќа, како и претставниците на вработените во овој економски сектор, кои исто така сме родители на малолетни деца. Нашата експертиза и практично искуство е од непроценлива важност. Единствено со таков сеопфатен процес може заеднички да дојдеме до законско решение кои ќе даде одговори на сите грижи на граѓаните.

Воведувањето дистанца од 500 метри за легалните објекти за игри на среќа е целосно нефункционална законска одредба која задолжително ќе предизвика затворање на овој економски сектор, кој ќе биде заменет од диви играчници по подруми. Државата ќе нема никаква контрола, а младината ќе биде далеку под поголем ризик. Повеќе од 10.000 македонски семејства ќе станат кандидати за иселеници во западните земји каде повторно ќе работат во истиот сектор. Едноставно, дистанцирањето на легалните објекти за игри на среќа со оправдување дека така ќе се заштити младината е во тотална спротивност со намерите на државата да го задржи правото да организира интернет игри на среќа. Дистанцата е депласирана кога младите преку мобилните уреди ќе имаат непосреден пристап до државната платформа за онлајн игрите на среќа.

Пратениците ќе треба добро да размислат и да си дадат самите на себе одговори на многу логични прашања. Зошто легалните објекти за игри на среќа се повеќе штетни за младината од светлечките реклами на кафулињата, кафеаните, тобаката, кои на пример се наредени до библиотека и основно училиште на Боемската улица во центарот на Скопје? Според истите аршини, зарем младите не се под ризик да стекнат зависност од алкохол и никотин кога на влез и излез од училиште се среќаваат со кафеанските обичаи? До кога легалните игри на среќа и вработените ќе бидеме жртви на негативната кампања на дежурните критичари, кои никогаш нема да преземат одговорност?

Буџетските приливи од легалните игри на среќа во Македонија одамна надминаа 350 милиони евра на годишно ниво што е еднакво на најмалку 6 проценти од приходната страна на актуелната државна каса. Различните приредувачи на игри на среќа на вкупна основа се најголемиот приватен работодавач во Македонија. Ние цврсто веруваме дека младината мора да биде целосно заштитена од било какво потенцијално влијание евентуално да создаваат недозволени навики за играње. Но, уште еднаш предупредуваме дека е опасно да се користи популизам кој е секогаш допадлив за пошироката јавност, без да се земат предвид последиците кои неминовно ќе се случат, ако ја вратиме Македонија во 90-те години на минатиот век кога се играше со ќибритчиња на Камениот мост, а покер апаратите се криеја зад завеси во задните делови на кафулињата.

Државата ќе мора да се соочи со избор, дали економската логика ќе ја победи потребата од политичко-етнички инженеринг кој во пракса нема да вроди со плод, туку ќе создаде страшни последици во целото општество. Доволни се примерите од соседството. Ние како Здружение сме подготвени со сите демократски средства да се бориме за нашето уставно загарантирано право на работа и егзистенција“, се наведува во реакцијата на Здружението на вработени во секоторт игри на среќа Сакам да работам.

 

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top