Бизнис

Се бараат градежници, хотелиери и работници во административно-услужните дејности

Највисока стапка на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година. Југоисточен Регион: 2,54 %. Деловни субјекти со 10 до 49 вработени: 2,69 %

На градежниот сектор очајно му недостигаат квалификувани работници. Се проценува дека се потребни над 20.000 работници, од кои 70% квалификувани градежници. Градежниците велат дека платите веќе не се услов остручениот кадар во градежништвото да остане да работи во земјава, туку главно се условите за работа, времето поминато на работното место и други бенефиции.

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2,08 %. Највисока стапка на слободни работни места има во секторите:  Градежништво  со 3,18 %, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 3,77%,  Административни и помошни услужни дејности 3,11%.

Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69 %.

Главни поенти

Највисока стапка на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година

•    Југоисточен Регион: 2,54 %

•    Деловни субјекти со 10 до 49 вработени: 2,69 %

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Најнови вести

To top