Бизнис

Се работи како никогаш до сега – на автопатиштата на коридорите 8 и 10д ангажирани 2.277 луѓе

До крајот на септември извршени се ископувања на 4,1 милион метри кубни земја и еден милиони метри кубни материјал за пополнување. Во септември немало исплати кон изведувачот, кому во август му беа префрлени 1,2 милијарди денари.

Конзорциумот „Бехтел и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар), (Гостивар-Букојчани)  и (Прилеп-Битола) во септември годинава продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно за земјени работи, дренажа и конструкции.

Извештајот од надзорот за прогрес на работите во септември, што Јавното претпријатие за државни патишта го објави денеска на својата веб-страница, покажува дека за предвидените активности на терен биле ангажирани 2.277 лица и 1.244 градежни машини.

Продолжиле работите за поставување столбови,темели, греди на мостови, надвозници и подвозници на  делницата Тетово – Гостивар (18 километри), Гостивар – Букојчани (30 километри) и Прилеп – Битола (40 километри). Во тек се работи на шест мостови, седум надвозници и три подвозници.

До крајот на септември извршени се ископувања на 4,1 милион метри кубни земја и еден милиони метри кубни материјал за пополнување. Во септември немало исплати кон изведувачот, кому во август му беа префрлени 1,2 милијарди денари.

Претходно имаше две исплати во април од 600 милиони денари и од 524 милиони денари и по една во мај од 681 милиони денари во јуни од 830 милиони денари и во јули 1,2 милијарди денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени 261 милиони евра.

Договорот со „Бехтел и Енка“ е во вредност од 1,3 милијарди евра, а работи на терен се спроведуваат од 22 април 2023 година.

Најнови вести од: Бизнис

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

To top