Бизнис

Семос Едукација добитник на признание на Германско-македонскиот бизнис самит 2026

Семос Едукација доби признание во рамки на Германско-македонскиот бизнис самит2026, настан посветен на технологијата, иновациите и дигиталната трансформација

Самитот се одржа во Скопје и обедини околу 400 учесници и над 250 компании од Македонија, Германија и регионот. На настанот присуствуваа претставници од бизнис секторот, институциите и креаторите на економските политики. Годинешното издание се реализираше под мотото „Применетите технологии и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој“, со фокус на иновации, дигитализација и вештачка интелигенција како клучни фактори за конкурентност и раст.

Програмата вклучи панел-дискусии, експертски излагања и презентации од компании, насочени кон практичната примена на технологијата, дигиталните процеси и развојот на човечкиот капитал. Особено внимание беше посветено на потребата од континуирана едукација и адаптација на работната сила на современите технолошки промени. Семос Едукација активно учествуваше во програмата на самитот.

Генералниот директор Валентина Тасева беше модератор на панел-дискусијата „AI во пракса: од имплементација до резултати“, каде се дискутираше за реалните предизвици и можности при воведување на вештачката интелигенција во компаниите. Во рамки на програмата, Елена Трајковиќ, дата аналитичар и сертифициран Microsoft тренер, одржа презентација насловена „30 години стари и 30 години млади“, посветена на развојниот пат на Семос Едукација, клучните постигнувања на компанијата и нејзината улога во развојот на дигитални вештини и професионални кадри во изминатите три децении.

Презентацијата беше дел од програмата преку која Семос Едукација се претстави пред учесниците на самитот и доби признание за придонес во областа на иновациите, дигитализацијата и современите бизнис практики.

„Последните години инвестираме во AI решенија, едукација и дигитална трансформација со јасна цел – да создадеме реална вредност за компаниите и професионалците. Технологијата денес не е дополнување, туку предуслов за конкурентност и ефикасност,“ изјави Тасева.

Ова признание претставува потврда за улогата на Семос Едукација како AI трансформациски партнер, со фокус на развој на знаења и решенија што имаат директно и мерливо влијание врз бизнисот.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top