– Како вештачката интелигенција да се стави во функција на реални, мерливи и одржливи деловни резултати беше во фокусот на работилниците што ги реализираа Семос Едукација и Македонско-Германското стопанско здружение, отворајќи ја темата за тоа дали компаниите навистина поседуваат капацитет и практична подготвеност за ефективно да ја применат вештачката интелигенција. Во време кога интересот за AI расте побрзо од подготвеноста на компаниите да го искористат нејзиниот потенцијал, потребата од доверлив и стратешки партнер станува одлучувачка. Токму тука Семос Едукација се издвојува како релевантен партнер за AI трансформација и лидер во AI едукацијата, кој не зборува за иднината на бизнисот само теоретски, туку ја гради преку знаење, експертиза и конкретна примена.

Работилниците на тема „AI во бизнисот – алатка или тренд?“ беа осмислени да им дадат на компаниите јасен одговор на суштинското прашање: како да престанат да експериментираат со AI и соодветната примена да им стане двигател на продуктивност, ефикасност и конкурентност. Преку посебни сесии за производствени компании и за компании од услужниот сектор и трговијата, Семос Едукација понуди практична рамка за реална и одговорна примена на вештачката интелигенција.

Заклучокот што јасно се наметна од работилниците беше недвосмислен: Не ја користете вештачката интелигенција како Google 2.0. Компаниите што ќе ѝ пристапат површно ќе останат на ниво на експериментирање, додека оние што ќе ѝ пристапат стратешки, со правилна едукација и јасна методологија, ќе создадат реални деловни вредности, поефикасни процеси и посилна пазарна позиција.

„Заради големото меѓународно искуство што го имаме во сертифицирани обуки за примена на AI, улогата на Семос Едукација денес е трансформациска. Како пионер во развојот на дигитални и AI вештини, имаме капацитет не само да ги обучиме тимовите, туку и да им помогнеме на компаниите да ја претворат вештачката интелигенција од концепт во конкретна деловна вредност. Во средина во која многумина зборуваат за AI, а малкумина знаат како навистина да ја воведат во организациски контекст, Семос Едукација е подготвен и релевантен партнер за AI трансформација“, вели Валентина Тасева, генерален директор и сопственик на Семос Едукација.

Своите искуства и знаења со учесниците ги споделија Елена Димовска, раководител на секторот за анализа на податоци и АI во Семос Едукација, која се осврна на техничките предуслови и организациската подготвеност за AI имплементација, Кристина Тасева, специјалист за AI имплементација, која презентираше конкретни насоки за проценка и поддршка на компаниите при имплементација на AI, како и Дане Тодоровски, тренер и бизнис консултант, кој ја истакна деловната перспектива и ефектите што компаниите можат да ги постигнат преку правилна и стратешка примена на вештачката интелигенција.