Хроника

МВР: Дојавите за поставени бомби во „Ист гејт“ и во „Дајамонд“ се лажни

Лажните предупредувања за подметнати експлозиви стигнале на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се лажни se дојавите за поставени експлозивни направи во скопските трговски центри „Ист гејт“ и „Дајамонд“.

„Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи.

Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top