Бизнис

Стопанството ќе се соочи со раскинување на договори, казни, недостиг и прекини во производството, алармираат превозниците

Ако не се реши проблемот, превозниците стравуваат од сериозно нарушување на синџирите на снабдување, загуби кои се мерат во милиони тони стока, директен удар врз економијата, индустријата, трговијата – накусо, дестабилизација на севкупниот економски систем кој над 90% се потпира на патниот транспорт.

Македонските превозници ги паркираа камионите на граничните премини за влез и излез на товарни возила, во надеж дека ќе се реши проблемот со евиденција за престој на возачите во „Шенген зоната“. Ако не се реши проблемот, превозниците стравуваат од сериозно нарушување на синџирите на снабдување, милионски загуби, директен удар врз економијата, индустријата, трговијата.

Со блокадите сакаме да покажеме што ќе се случи после 10 април и како ќе биде прекинат синџирот на снабдување, не само во Западен Балкан туку и во Европа, рече претседателката на транспортната асоцијација „Макам-транс“ Билјана Муратовска на почетокот на протестите на граничните премини.

  • „Со оваа одлука Европската унија сака да нè запре да работиме. Кога знаеме дека со секоја држава имаме потпишани билатерален договор за превоз, сега ни викаат пу пу тоа не важи, имате дозволи, но не можете да работи. Се прави дискриминација бидејќи ослободени од броење на денови за престој се сите други видови превоз односно бродскиот, железничкиот и авионскиот. Без нас продавниците ќе бидат празни. Ние ќе протестираме седум дена за да испратиме сигнал, но после 10 април камионите ќе стојат оти нема да има кој да ги вози“, рече Муратовска на прес-конференцијата на граничниот премин Блаце.

Според регионални проценки, последиците ќе бидат мерливи: во синџирите на снабдување може да бидат загрозени најмалку 1 милион тони стока, што во пракса значи 1 милион проблеми за економијата – доцнења, раскинување на договори, казни, недостиг и прекини во производството, во трговијата и во синџирите на снабдување, што нема да влијае само на транспортниот сектор, туку на целата економија на секоја од споменатите земји.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дојде на граничниот премин Блаце и ги поддржа превозниците. Смета дека ЕУ има доволно време да најде решение, а тој предложи три.

Европската комисија е запознаена со блокадите на граничните премини. Од таму велат дека ЕСС системот не воведува нови правила за престој во Шенген зоната, туку има за цел поусогласена примена на веќе постоечките прописи и поефикасно откривање на неправилности.

Патничкиот сообраќај, како што велат од МВР, ќе се одвива непречено на сите гранични премини.

Протестот е предвидено да трае до 7 дена, со можност да биде прекинат и порано ако во меѓувреме дојде до решавање на проблемот.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top