Бизнис

Стопанството предупредува: „Кризите носат смрт за бизнисот“

Состојбата во стопанството засега е стабилна, нема физички недостиг на нафтени деривати. Но, ако високите цени се задржат подолг период, ризикот е тие да се прелеат во поголеми трошоци за стопанството, инфлациски притисоци, послаба ликвидност и поголема неизвесност во инвестициите – изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Според него, неизвесноста од кризата предизвикана од конфликтот на Блискиот исток е голема и потребен е навремен, предвидлив и координиран пристап меѓу институциите и бизнисот.

Состојбата во стопанството засега е стабилна, нема физички недостиг на нафтени деривати, но, ако високите цени се задржат подолг период, ризикот е тие да се прелеат во поголеми трошоци за стопанството, инфлациски притисоци, послаба ликвидност и поголема неизвесност во инвестициите. Ова го посочи претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во телевизиско госутување на емисијата „Бизнис 21“.

Според него неизвесноста од кризата предизвикана од конфликтот на Блискиот исток е голема и потребен е навремен, предвидлив и координиран пристап меѓу институциите и бизнисот.

  • Последиците за компаниите ќе бидат големи и сериозни ако влеземе во втората фаза каде што ќе треба да се преземат мерки коишто се нормално непопуларни и ќе доведат до нови задолжувања на државата. А да не зборувам за третата фаза во којашто неконтролирано би се појавиле повеќе жаришта воени во светот. Во тој случај мислам дека ние како мала земја, шансите нешто да направиме, ние би биле тогаш едноставно колатерална штета – изјави Бранко Азески, претседател на СКСМ.

Азески е уверен дека Владата на време ќе преземе мерки. Вели три недели пред да почне кризата знаеле што ќе се случува и се договориле со Владата дека државата со свои механизми ќе го штити бизнисот. Иако сетот на мерки е познат, вели рано е тој да биде обелоденет пред јавноста.

  • Барањата не можат да се истакнуваат уште сега, затоа што ќе бидат предмет на анализи на тие шпекуланти, манипуланти, што сакаат да ја искористат кризата. И тие се носат нормално во една постапка што е предвидена за нив. Главно се однесуваат на тоа да се поддржат извозните компании, да се поддржат таргетирано определени сектори коишто се најпогодени од кризата и населението коешто ќе биде сигурно да речам во таква ситуација, доведено на работ на социјалната егзистенција – изјави Азески.

Гледам злоба насекаде, вели Азески, која не обвинува дека сакаме да има повисока инфлација за да го зголемиме извозот и со тоа да направиме услуга на некого. Но тврди дека инфлацијата ја гледа како најголем непријател на бизнисот, затоа што ја руши предвидливоста. Тој исто така посочи дека геополитичките и регионалните кризи создаваат сериозна неизвесност за стопанството, а недостигот на предвидливост е „смрт за бизнисот“.  Според Азески, во услови на постојани кризи сè потешко е компаниите да планираат и да опстанат на пазарот, поради што е неопходна сериозна анализа на ризиците со кои се соочува бизнис-заедницата.

  • Крајно време е да се направи една дебела анализа, во која ќе се утврдат вистинските загрозувања на позициите на бизнисот. Ако бизнисот ги намалува ризиците и спротивставеностите во општеството, без него не можеме да одиме напред – рече Азески.

Тој посочи дека најпогодени од актуелните состојби се секторите кои директно зависат од нафтата како основно погонско гориво.

  • Најпогодени се оние сектори каде нафтата е клучна за функционирањето на бизнисот. По кризите од 2008 и 2016 година, ковид-пандемијата и енергетската криза, компаниите на некој начин се исчеличија и научија полесно да се справуваат со проблемите – оцени претседателот на Стопанската комора.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

Најнови вести

To top