Бизнис

Стручната јавност не е против одржливо рударство во Иловица

Претседателката на Македонското геолошко друштво и универзитетска професорка Соња Лепиткова вели дека ако до пред неколку години во Европа не постоела политика за отворање нови рудници, денес таа политика е апсолутно сменета и листата на критични минерали само се зголемува.

„Државата да се погрижи да се развива одржливо рударство“, повика претседателката на Македонското геолошко друштво и универзитетска професорка Соња Лепиткова. Според неа, треба да бидеме свесни за потенцијалите и како држава да ги ставиме во функција, меѓутоа во функција на одржливо користење и максимална контрола од страна на државата. Коментирајќи го проектот за рудник за бакар во Иловица, таа кажа дека воопшто не стравува дека новоотворените рудници ќе работат по високите стандарди.

  • Македонија треба да направи листа на целосно истражени потенцијални наоѓалишта, на делумно истражени и на тие коишто се потенцијални во фаза на понатамошно истражување и така да ја движи политиката. Тие коишто се целосно истражени, со потврдени резерви, не само на руда туку и на метали кои можат да се издвојат и да имаат економска вредност која е огромна за државата – еден од тие рудници е и рудникот во Иловица – истакна Лепиткова во гостување во Канал 5 ТВ.

Професорката додаде дека стручните кадри ги следат технологиите и тие мора да инсистираат на нивна примена во новите рудници, како и на сите предвидени фази, елаборати, студии за оцена на влијание врз животна средина, во кои јавноста треба да има максимална вклученост.

  • Стручната јавност нема отпор за ова и гледате дека немаме ниту еден експерт, којшто е од било која техничка струка, па и економска струка, да каже „ова не смее да се случува, апсолутно сѐ треба да се затвори“, бидејќи ние имаме историјат во оваа област. Ние како Македонија, во историјата сме познати како рударска нација, односно како рударски простор – истакна Лепиткова.

Таа оцени дека кај дел од активистите против рудници постои „целосна исклучивост“ и тие воопшто не сакале да чујат ниту еден аргумент во конструктивна расправа, туку споделуваат лични видувања, а можеби имаат и личен бенефит или пак некој ги поттикнува.

  • Кај граѓаните стравот е нешто што треба да се објасни и да се работи заедно со нив. Секој рудник е приказна за себе и секое подрачје има своја специфика. Стручната јавност е таа на којашто треба да и се верува и таа треба на ист начин да пристапи во аспектот на отворање на еден рудник – да се запазат максимално еколошките стандарди, да се управува вистински со отпадот, со отпадните води, да се применат најсовремените технологии и државата да прави континуиран мониторинг – појасни професорката.

Лепиткова повика да се даде шанса „работите да тргнат“, па да се направи оцена како ќе се развиваат, а во меѓувреме, државата апсолутно да ги контролира состојбите. Таа укажа дека во светската и европската политика ако за нешто постои глад во моментов, тоа е гладот за метали.

  • Земјите од регионот забрзано се движат и во истражувањата во Европа и во отворањето на рудници. Полска инвестира неколку милијарди во истражувања. Тоа го прави и Србија максимално. Грција отвори два рудника, сега е во фаза на припрема за отворање на трет, коишто се наоѓаат многу блиску до самото море. Бугарија исто така се спрема за нови рудници. Шпанија веќе отвора рудници на многу почувствителни минерални содржини од нашите – бакар, злато и сребро, туку отвора рудници на ниодиум и на тантал, кои се исклучително применливи метали во електрониката. Македонија не треба да заостанува. Ние треба да тргнеме да бидеме малку похрабри како држава, да веруваме на институциите, да веруваме на експертите и меѓусебно да се почитуваме – потенцира професорката.

Лепиткова заклучи дека ако до пред неколку години во Европа не постоела политика за отворање нови рудници, денес таа политика е апсолутно сменета и листата на критични минерали само се зголемува.

Најнови вести од: Бизнис

Анѓушев за BLOOMBERG: Македонија може да ја складира евтината струја во батерии да ја извезува кога цените се повисоки

Македонија треба забрзано да ги зголемува капацитетите за складирање електрична енергија преку инсталирање повеќе батериски системи, со што ќе може да ја складира струјата во периодите кога е евтина

Колку чини да се наполни резервоарот во Македонија, а колку преку граница?!

Ако се пресмета резервоар од 50 литри, во Македонија за бензин би биле потребни околу 75,5 евра, додека во Грција околу 100 евра. Кај дизелот, 50 литри во Македонија чинат околу 82 евра, а во Албанија речиси 112 евра.

„Рапид Билд“ ќе го гради гасоводот кон Србија, проектот тежи 29,4 милиони евра

Македонскиот дел од интерконекторот ќе биде долг 22,4 километри, со дијаметар од 500 милиметри. Почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“, а крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот.

Револт во Телеком: Директорот со 20 илјади евра плата цел месец не дошол на работа

Незадоволство од актуелниот директор во Македонски Телеком. Дел од раководните структури се револтирани од тоа што генералниот директор Горан Марковиќ според нив, веќе околу еден месец не се појавил на своето работно место во Скопје

(Фото): Одбележен 28 август – благодарност до сите што работат под земја

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, а рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод Денот на рударите.

Гасификацијата влегува во нова фаза – Македонија се врзува со Грција, Србија и Вертикалниот коридор

Новото раководство на НОМАГАС го предводи Недим Рама, како претседател на Управниот одбор и генерален директор. Крсте Миладинов е заменик-претседател на Управниот одбор и заменик-генерален директор, а членови се Бошко Стефановски, Хајриз Бучи и Огнен Димитров. На чело на Надзорниот одбор е Иво Малинов како независен член и претседател. Во одборот се и Агим Махмути, Златко Ацевски, Катерина Гичев и Саша Ангеловски.

To top