Бизнис

ТИТАН Усје во 2026 продолжува со инвестиции во дигитализација и декарбонизација, очекува раст на продажбата

Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација

Инвестициите во дигитализација, декарбонизација и зајакнување на производственото портфолио базирано на зелени решенија, остануваат стратешка определба на ТИТАН Усје во 2026 година. Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација, што е една од клучните определби на компанијата. Како резултат на конкурентноста на зелени еко цементи и очекуваното зголемување на обемот на инфраструктурни проекти, во 2026 година компанијата очекува раст на продажба од над 4%. И покрај тоа што најголемиот дел од производите се пласираат на домашниот пазар, се очекува и зајакнување на извозните активности на пазарите во регионот. ТИТАН Усје го продолжува и развојот на нови производи и процеси базирани на кружната економија.

„Како членка на ТИТАН Групацијата, нашата компанија веќе имплементираше нови дигитални технологии кои не само што ни овозможи развој на нови зелени еко цементи, туку придонесе и за развој на кружната економија во земјата. Тоа нѐ прави конкуренти, не само на домашниот, туку и на глобалниот пазар, што е од исклучително значење во време на големи пазарни промени,. Линеарниот концепт на економија сѐ повеќе се напушта, а борбата за ресурси се зајакнува. Развојот на бизнис модел базиран на кружната економија е клучен за зајакнување на ефикасноста и конкурентноста. Продолжуваме да инвестираме во дигитализација, имплементирање на иновативни решенија и декарбонизација, а подготвени сме нашето искуство да го споделиме, во насока на поголем економски и општествен развој. Промените не се едноставни и за да има поширок ефект во заедницата потребна е заедничка акција“, истакна Константинос Николауглавен извршен директор на ТИТАН Усје.

Новите висококвалитетни поеколошки цементи добија реномирана верификација со Декларација за еколошки производ (Environmental Product Declaration – EPD). EPD-документите обезбедуваат јасни и научно засновани информации за влијанието на производите врз животната средина, а ТИТАН Усје е првата компанија во земјата чии производи го носат овој сертификат. Компанијата, исто така, придонесува за намалување на својот јаглероден отпечаток, преку употреба на алтернативни горива кои заменуваат 5% од фосилните горива во процесот, како и со користење енергија од обновливи извори, произведена од сопствената соларна електрана.

Како резултат на сите овие активности, ТИТАН Усје подготвено го дочекува новото правило на Европската унија за намалување на јагленородниот отпечаток и забрзување на примената на принципите на кружната економија – механизмот за прекугранично прилагодување на јаглерод (СВАМ). Иако најголемиот дел од производството на компанијата се пласира на домашниот пазар, од исклучително значење е што поскоро да се прецизира и имплементира домашната регулатива, за, покрај другото, и да се заштитат домашните компании од нелојална конкуренција која доаѓа од земји кои што не се членки на ЕУ и пласираат свои производи на домашниот пазар, а не подлежат на овој механизам.

ТИТАН Усје подолг временски период инвестира во имплементација на добри практики и континуирано осовременување на производството, кои придонесуваат за намалување на јагленородниот отпечаток. Како дел од групацијата ТИТАН, компанијата користи најсовремени технологии за производство, во чија имплементација  инвестираше околу 6 милиона евра во изминатите 5 години, а ќе се инвестираат и дополнителни 3 милиони евра до 2028 година.

Компанијата доби и највисоката потврда за одржлив систем за унапредување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со „Платинуим“ признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад, односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање.

ТИТАН УСЈЕ годинава го прославува својот 70-годишен јубилеј, обележувајќи седум децении од своите почетоци во 1955 година.

 

 

 

Најнови вести од: Бизнис

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

To top