Бизнис

Цените на становите во Скопје растат, ама и не се продаваат – до кога?!

Според Народната банка, во првиот квартал од оваа година, цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишна основа и за 0,1% на квартална основа, што укажува на поумерено зголемување во споредба со минатата година. Во текот на изминатата година, зголемувањето на цените е значително поголемо: во првиот квартал 19,5%, во вториот 19,9%, во третиот 25,1% и во четвртиот 25%.

Цените на становите во Скопје континуирано растат. Граѓаните се жалат дека купувањето дом станува сè помалку прифатливо.

  • „Јас живеам во куќа, секој што има околу дваесет милиони евра може да ја купи, ние не можеме.“ – граѓанин.
  • „Цената на квадратните метри во Скопје е толку висока затоа што е општо познато дека преку експанзијата на градежништвото се перат мафијашки пари, а меѓу другото, обичниот човек, обичниот работник, дa купува за 3 илјади евра квадратен метар“, вели еден граѓанин.
  • „Не сме задоволни, ништо нема да се промени, премногу се гради и е премногу скапо за нашиот народ“, рече друг граѓанин.

Според агенциите за недвижности, цените на становите во Скопско и другите градови се зголемиле за 50%, а главните причини за тоа се зголемувањето на трошоците за градење и инфлацијата.

  • „Лично, мислам дека цените ќе продолжат да растат, можеби не со ист интензитет како порано, но мислам дека ќе растат бидејќи сè уште имаме инфлација, и нормално кога цената на нафтата или основните производи се зголемува, тогаш цените воопшто се зголемуваат“, изјави Фросина Ушлиновска, консултант.

Според Народната банка, во првиот квартал од оваа година, цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишна основа и за 0,1% на квартална основа, што укажува на поумерено зголемување во споредба со минатата година. Во текот на изминатата година, зголемувањето на цените е значително поголемо: во првиот квартал 19,5%, во вториот 19,9%, во третиот 25,1% и во четвртиот 25%.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top